Paloma Orenda Resort 5*- Side

PALOMA ORENDA RESORT – 5* – TITREYEN GOL ( MANAVGAT) SIDE

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Titreyen Gol на 6км од Сиде и 75км од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупен број на соби 270. Стандардни соби (21m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), Junior суит соби (40m², една спална соба и една дневна соба, едно купатило, макс.4лица), Фамилијарен суит (41m², една спална соба, една дневна соба, едно купатило, макс.4лица), Connection Фамилијарен суит (42m², две спални соби, една дневна соба, едно купатило, макс.4лица). Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизиј аи музички канали, керамички под, балкон или тераса.

Услуга

Luxury Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуска наутро и попладне, доцна навечер закуска, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед за време на ручек и вечера, слатки, A’la Carte ресторани Fusion Far East и Contemporary Mediterranean со претходна резервација и еднаш за престој, сите локални и селектирани увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот, Beach & pool концепт: летни освежувачи, овошје и закуски на плажа и покрај базен. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, Curio Grill A’la Carte ресторан, органско вино.

Содржина

Главен ресторан со шведска маса, A ’la Carte ресторани: Wabi Sabi – Fusion Far East, Quentine – Contemporary Mediterranean и Curio Grill, барови околу хотелскиот комплекс. Се доплаќаат: доктор, услуга за перење, бебиситер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, фризер, изнајмување на автомобил. WI-FI интернет конекција во собите и на јавни места е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна плажа, песок и ситни каменчиња, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Special Cabanas се со претходна резервација и се доплаќаат.

Спорт и Забава

Надворешни базени за возрасни и деца, фитнес центар, Турска бања, сауна, 12 тениски терени (кварцен песок), одбојка на плажа, гимнастика, мини голф. Се доплаќаат: спортови на вода, осветлување на тениски терени и опрема за тенис, центар за убавина и Wellness центар. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми за возрасни и деца. Мини клуб за деца од 04 – 12 години со специјални програми, детско игралиште, Мини диско навечер. Клуб за тинејџери од 13 – 16 годишни деца, детско игралиште со мини диско навечер. *Гостите на Paloma Orenda Hotel имаат бесплатен шатл превоз до Palomaqua аквапаркот (бесплатно го користат). За време на ручек аква паркот е затворен.

<!–

Превентивни мерки | COVID-19

На линкот подоле може да се информирате за превентивните хигиенски мерки и протоколи што се превземаат за заштита на гостите во однос на ситуацијата со COVID-19. Ве молиме да ги прочитате внимателно.

–>

Havana Logo with separators