Paloma Perissia Hotel 5*- Side

PALOMA PERISSIA HOTEL 5* (KUMKOY) SIDE

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy 3км oд Side и 65км од аеродромот во Antalya.

Сместување

Вкупен број на соби 352. Стандардни соби со балкон (24m², макс.2+1дете), стандардни соби со Француски балкон (30m², макс.3лица), Големи стандардни соби (35m², макс.3+1дете), suite соби (60m², макс.4лица). Сите соби се со приватно купатило со када, туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци, вода и пиво секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет, балкон или француски балкон.

Услуга

Luxury Ultra all inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски наутро и попладне, закуска доцна навечер, свежо цедени сокови за време на појадок, сладолед за време на ручек, и вечера, слатки, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, Beach Club ресторан и бар, послуга во соба.

Содржина

Paloma главен ресторан со шведска маса, A’la Catre ресторан: Grappa (Италијанска кујна), Ottoman (Турска кујна), Aegean (морска храна), Moonlight скара ресторан, Mikado (Кинеска кујна), барови околу хотелскиот комплекс, Disco club. Се доплаќаат: Доктор, услуга за перење, бебиситер, телефон, факс, интернет и окмпјутерски игри, шопинг центар, фризер, рент а кар. WI-FI интернет е бесплатен.

Плажа

Хотелска приватна плажа, песочна, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа. Приватните павиљони на плажа се со претходна резервација и се доплаќаат.

Спорт и Забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, гимнастика. Се доплаќаат: спортови на вода, осветлување за тениски терени и опрема за тенис, центар за убавина, и Wellness центар. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми за возрасни и деца. Мини клуб за деца помеѓу 04-12 години, клуб за тинејџери од 12-16 години со специјални програми. *Гостите на Paloma Perissia имаат бесплатен шатл превоз до Palomaqua аквапаркот (бесплатно го користат). За време на ручек аква паркот е затворен.

 

Havana Logo with separators