Јужна Италија 06.04-09.04.2024
Наполи – Амалфи – Позитано – Салерно – Капри и Анакапри – Помпеа
1 ДЕН 06.04.2024 (Скопје – Софија – Помпеа – Наполи)
Поѓање во 7 часот од Скопје за Софија, состанок на групата од пред хотел Вип, наспроти Ист Гејт мол.Пристигнување на софискиот аеродром, полетување во 13:30, пристигање во 14:15. Трансфер до археолошкото наоѓалиште Помпеа, најпознатато и најдобро зачувано од времето на античкиот Рим. Градот бил потполно уништен од силната ерупција на Везув во 79-та година од нашата ера кога лава го прекрила целиот град, го “конзервирала” и случајно е откриен многу векови подоцна. На тој начин е сочувана единствената слика на архитектурата и начинот на живот на еден од најбогатите градови во древната империја: форуми, храмови, театри, термални бањи и голем број вили…Сместување во хотел. Разглед на Наполи. Ноќевање.
2 ДЕН 07.04.2024 ( Наполи – Амалфи – Поситано – Салерно )
Појадок.
По појадокот, целодневна посета на Салерно, Амалфи и Позитиано.
Салерно – град – музеј на средновековната наука, каде се наоѓаат најстариот Европски унивезитет и медицинско училиште кое претставувало значаен избор на знаење во среден век.Калдрместите улички, полни со историја и шарм, ќе Ве заведат на прв поглед..Оттаму, се качуваме на брод до Позитиано.. Мал град, величенствен на секој чекор , познат по отмените вили кои се како вградени во карпите и каскадно се спуштаат кон морето. Потоа, одиме со брод до Амалфи, некогашна моќна поморска сила, по кој е именуван и целиот брег. Градот е бисер на средновековната архитектура со тесни кривулести улици, типични за овој дел на италијанскиот брег.Враќање во хотел.Ноќевање
3 ДЕН 08.04.2024 (Наполи –Капри – Анакапри )
Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет за островот Капри, единствен и уникатен пример на спој на природни убавини, стара архитектура и гламур…поаѓаме со хидроглисер од Соренто или Неапол и на Капри се пристигнува на Marina Grande…оттаму, стигнуваме до гратчето Ана Капри – лутиот соперник на градот Капри во средниот век. Прошетка низ Ана Капри. Слободно време за индивидуален разглед на местото. Слегуваме до истоимениот главен град на островот…посета на Градините на Царот Августин, Via Crupp, Marina Picola, локалитетот Faraglione (3-те карпи, симболот на островот), Piazza Umberto со надалеку познатата камбанарија од 17.век и часовникот обложен со мајолика…можност за прошетка низ старите улици, продавници со локална роба, сувенирници, како и бутиците со фирмирана роба од највисок квалитет. Состанок на групата на претходно договореното место. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ДЕН 09 .04.2024 ( Наполи – Софија – Скопје )
Појадок. Одјава од хотел. Поаѓање кон аеродромот во Наполи.Поаѓање за Софија во 15:15.Пристигнување во 17:50 часот во Софија. Патување со автобус кон Скопје. Пристигнување во Скопје околу 11 часот пред полноќ.
Цена : 550 еур
Цената вклучува:
-Повратен авио билет Софија – Наполи – Софија со багаж до 8кг и димензии 40x30x20
-Повратен трансфер аеродром – хотел – аеродром
-Повратен трансфер Скопје – Софија – Скопје
-3 ноќевања со појадок во хотел во Неапол 3*
-Организација и водство на програмата
-Лиценциран туристички придружник
Цената не вклучува:
Посета на Амалфи и Позитано со брод + Капри и Ана капри – 165 евра
Посета и разглед на Помпеа и Наполи 90 евра
уплата на сите екскурзии 225 евра
НАПОМЕНА : За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, Организаторот на патувањето не е овластен да одговара за исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници.