АЛБЕРОБЕЛО–НЕАПОЛ–АМАЛФИ–ПОЗИТАНО-САЛЕРНО–ПОМПЕА–МАТЕРА
Цела Италија плени со својот шарм и убавина, но југот е посебен, токму затоа ние ве носиме таму. Зарем не заслужува секоја жена да патува за 8-ми Март за Италија?
Тргнуваме со нашата пловидба низ водите на јонско море од Игуменица, ноќна пловидба и уживање во мирните морски води. Утрото се будиме во Бари, каде што ќе ни стане јасно зошто југот е посебен.
Средновековни и ренесансни села, села покрај морето, планините и езерата претставуваат најдобра и најголема разноликост на Италија. Места каде се чувствува магијата низ воздухот додека пешачите во малите историски дуќанчиња. Во Италија ќе го почувствувате гостопримството, единственоста на нивната храна, вкус и традиција. Ќе го посетиме прекрасното Алберобело, а ќе се сместиме воа Наполи за кој старите римјани рекле „Vedi Napoli e poi muori“ („Види го Наполи и може да умреш“). Наполи е град со многу приказни, кои ќе имаме време да ги слушнеме и доживееме. Освен Наполи наредните денови ќе ги посетиме и Амалфи, Позитано и Помпеа, селцата каде ќе ги направите најубавите фотографии ќе ја вкусите најубавата храна и ќе се вљубите во шаренилото и духот на овие места. Пред нашиот пат назад ќе го посетиме и чудесниот град Матера, препознатлив по ќуќите во пештери кои се напуштени и затоа овој град е наречен “град на духови“. Заради неверојатните пејсажи на Матера овој град е локација за снимање на филмот “Страдањата на Исус“.
Овие неколку дена ќе бидат исполнети со многу воздишки, воодушевување, забава, дружба и спомени за паметење, затоа топло ви ја препорачуваме оваа програма.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 379 EВРА/ 21.638 МКД ПО ЛИЦЕ
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАН 359 ЕВРА/ 20.398 МКД ПО ЛИЦЕ
Што е вклучено:
- Превоз со автобус
- Превоз со брод на релација Игуменица -Бари-Игуменица (седиште на брод)
- 3 ноќевања со појадок во Хотел со 3* (радиус 40-50км оддалечено од Наполи)
- Посета на Алберобело
- Посета на Матера
- Лиценциран туристички придружник
Не е вклучено:
- Шопинг во Centro Commerciale La Cartiera, Посета на Помпеја (влезница со локален водич 20 еур според моменатлната цена, влезниците се проверуваат пред поаѓање и не е вклучена во пакетот од 35 евра) и посета на Неапол. Пакет 35 евра (се плаќа во автобус)
- Посета на Поситано,Амалфи,Салерно и Соренто- Пакет 85 евра (се плаќа во автобус)
- Доплата по лице за седиште од типот на авион на траект 33 евра повратен билет (се плаќа во агенција)
- Доплата по лице за кабина на траект за 4 лица- 68 евра повратен билет (се плаќа во агенција)
- Доплата по лице за кабина за траект за 2 лица –118евра повратен билет (се плаќа во агенција)
- Доплата за еднокреветна соба-4.700мкд (за 3 ноќи)
- Туристичка такса 3 евра на ден по лице (се плаќа во агенција)
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање . Патникот при резервација ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изјаснува за кои екскурзии
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на содржините во програмата.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на Ultra first, last minute Black Friday понуда или друг тип на промоција, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кои се објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надоместна средства за разлика во цена;
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел во случај на overbook или други технички причини со подобра или иста категоризација