ПОПОВА ШАПКА

Попова Шапка – скијачки центар

Спакувајте се за авантура и погледнете го животот од друга висина!
Попова Шапка е најпознат зимски спортско-рекреативен центар во Република Македонија. Се одликува со голем број на сончеви денови и снежна покривка од октомври до мај. Погоден за сите скијачки дисциплини. Посебно е привлечен за скијачи професионалци и рекреативци. Попова Шапка располага со прекрасни скијачки терени со површина од 35 км2.

Скијачкиот центар Попова Шапка е поврзан со локален асфалтен пат од Тетово во должина од 18 км. кој во редовно се одржува.

Огреана во сонце, Попова Шапка ветува добро поминато време во секоја сезона.

За оние кои повеќе преферираат летни авантури, ова е вистинската дестинација за летен одмор, планинарење, планински велосипедизам и параглајдинг.Попова Шапка е одличен избор за сите оние кои сакаат да поминат денови исполнети со сонце, чист воздух, спортување и забава.

ЦЕНОВНИЦИ ЗИМА 2020/2021

Арена Тетекс

арена попова

ХОТЕЛ КОНАК

конак 1

ХОТЕЛ СКАРДУС

SCARDUS 5

ХОТЕЛ БОРА

bora 2
Havana Logo with separators