POTIDEA GOLDEN BEACH HOTEL
Локација: Грција / Халкидики / Касандра / Неа Потидеа.
- Hotel – Nea Moudania, 9.2 km; Hotel – Nea Fokea, 11.5 km; Hotel – Afytos, 16.6 km; Hotel – Kalithea, 19.5 km;
Плажа: На неполни 2 минути пешачење, песочна плажа.
Услуга: ALL INCLUSIVE концептот е наведен подолу. Услугата започнува со ручек а завршува со појадок.
Интернет: Доплата на рецепција.
Сместување: Хотелот се состои од две згради една позади друга.
Во АНЕКС 1 (зграда кај базенот и ресторанот) на располагање се само 1/2 двокреветни соби и 1/2+1 двокреветна соба со помошен кревет. Во АНЕКС 2 на распоагање се трокреветни и четворокреветни соби (трето и четврто легло се дополнителни легла). Дополнителниот кревет е на расклопување, од дрвена или метална конструкција, што може значајно да влијае на просторот и комодитетот во Вашата соба.
Сместувањето во собите е после 14:00 часот (локално време), а напуштањето на собите е во 10:00 часот.
Сите соби се опремени со соодветен број на редовни и дополнителни легла, телевизор, фрижидер / мини бар, фен за коса (треба да се побара од рецепција), купатило со туш, балкон, клима (со доплата на рецепција во хотел, 6 евра на ден), можност за бебешко креветче (baby cot) – на барање, со доплата во хотел од 5 евра на ден, сег со доплата од 1 евро на ден.
Чистење на собите – 6 пати неделно;
Промена на крпи и постелнина – 3 пати неделно. Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата.
Хотелски содржини:
- Лоби бар;
- Основен ресторан каде што се служи: појадок, ручек, ужина и вечера;
- Базен и бар на базен, опремени со лежалки, чадори и простор за релаксирање.