Струга

Градот на поезијата СТРУГА

Струга е град во југозападниот дел на Република Македонија и центар на Општина Струга. Градот Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим  и на северниот брег на Охридското езеро.Античкото име на градот е Енхалон  кој на старогрчки значи јагула и во тоа време градот бил мала населба. Подоцна населбата го добива името Струга. Името на Струга произлегува од чист и карактеристичен словенски збор. Народот од Струшко и Охридско дава две свои објаснувања за потеклото на ова име.Според првото народно толкување, името Струга доаѓа од отворената географска положба на градот: место каде што постојано струже (дува) ветерВторото е сосем поинакво : Одамна некогаш македонските СЛовени во Струшко се занимавале со сточарство и во точно определено време ги дотерувале многубројните овци на стриг (стрижење волна) во близина на истекот (Устата) на  Црн Дрим од Охридското езеро. Меѓутоа, тоа може многу пологично да се поврзе со преминот низ ограда за молзење овци, наречен струга (страгастронга). Некои автори тврдат дека градот е наречен така заради тоа што Црн Дим минува низ далјаните (турски збор за место заградено со трски и друг материјал за лов на јагули и риби воопшто).

 

На брегот на Охридското Езеро, во непосредна близина на струшкото село Калишта со својата убавина плени манастирскиот комплекс Рождество на Пресвета Богородица. Составен од четири храма, две пештерски цркви, посветени на Мајката Божја и свети Атанасиј Велики и уште две цркви едната Рожденство на пресвета Богородица и другата свети Петар и Павле, со својата духовност, мир и спокој ги прима верниците од секаде во светот. Во ова свето место спокојот се вгнездил насекаде, а Комплексот ја раскажува својата историја за духовноста вгнездена во него и чудата на Мајката Божја.За чудата на манастирот се слуша надалеку. Овде е една од највредните икони во земјава, единствена на Балканот Чудотворната икона – Богородица во црно, пронајдена во малата пештерска црква. Се верува дека мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца.

 

Најинтересното и најпосетуваното место во Радожда се наоѓа на самиот влез во селото. Сместена под високите карпи се наоѓа малата пештерка црквичка посветена на Св.Архангел Михаил во која се откриени фрески кои датираат од 14 век, а особено се истакнува единствената сочувана фреска од 13 век. Пештерскиот храм е насликан со повеќеслоен живопис. Засега се евидентирани дваесетина квадратни метри живопис од 13 и околу 50 квадрати од 14 век. Има фрески и од поствизантискиот период. Помладиот слој живопис на „Св. Архангел Михаил“ е едно од последните дела на Охридската сликарска школа од 14 век. Поради големиот број монаси што живееле во пештерската црква, се смета дека Радожда е свето место и се нарекува село на монаси.

ХОТЕЛ ИЗГРЕВ СПА & АКВАПАРК 5*

HTL IZGREV 9
Havana Logo with separators