11 .ОКТОМВРИ 2023
Романтичната Тоскана…
Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза, дозволете да Ве маѓепса Лука – шармантен град кој ги зачувал своите средновековни цркви, палати, улици и плоштади, опкружен со ѕидини на тврдини кои датираат од 16 – 17 век.
Фиренца – ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија… Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со вински насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти… познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и “доминира” со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време… Сан Џимињано – романтично средновековно гратче сместено на брдата на Тоскана… славно по уникатната средновековна архитектура и по кулите, кои се гледаат на километри далечина…Болоња, градот познат по еден од најстарите Универзитети во Европа, со црвената боја на своите фасади, елегантните колонади и кулинарските специјалитети
1 ден 11.10.2023 Скопје – Болоња
Состанок на групата во 11:20 часот.на скопскиот аеродром.
Полетување од скопскиот аеродром во 13:20 часот.
Слетување во Болоња во 15:05 часот.
Трансфер до Монтекатини (околу 90 минути возење).
Пристигнување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето. Во попладневните часови организиран разглед на Монтекатини Терме, мал италијански град сместен во областа Пистоја, во состав на Италијанската покраина Тоскана – најпопуларната дестинација во Италија која секоја година ја посетуваат околу милион туристи. Градот во кој живеат повеќе од 20.000 луѓе се наоѓа во долината на реката Арно и е познат по своите природни минерални извори кои се откриени уште за време на Римјаните. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден 12.10.2023 Пиза и Лука
Појадок. После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Пиза и Лука.
Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот со водич, каде ќе ги видиме трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е едно од најпосетените и најфотографирани светски атракции).
Разглед на Лука – шармантен град кој ги зачувал своите средновековни цркви, палати, улици и плоштади, опкружен со ѕидини на тврдини кои датираат од 16 – 17 век, разгледување на стариот град, катедралата „Св. Мартин“, црквите „Св. Михаил на форумот“ и „Св. Фредјан“, овалниот квадрат. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 13 .10.2023 Сиена и Сан Џимињано
Појадок. Се упатуваме кон San Gimignano, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка
Продолжуваме кон Сиена, градот кој низ историјата претставувал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот со водич: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio...Враќање во Монтекатини.Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.
4 ден 14 .10.2023 Фиренца
Појадок. Поаѓање за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, поттикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот Понте Векио, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити. Враќање во Монтекатини. Ноќевање.
5 ден 15.10.2023 Болоња – Скопје
Појадок. Организиран превоз и разглед на Болоња, градот познат по еден од најстарите Универзитети во Европа, со црвената боја на своите фасади, елегантните колонади и кулинарските специјалитети. Пешачка прошетка со водич по Плоштадот Маџоре, опкружен со најпознатите знаменитости и најубавата градска фонтана, Фонтаната на Нептун.
Превоз до Аеродромот во Болоња. Полетување во 21:10 часот и пристигнување во Скопје во 22:55 часот.
LAST MINUTE 499 EUR / ПОСЛЕДНИ 8 МЕСТА!!!!!!
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
*пакет за уплата на двете екскурзии 99 евра
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За оваа програма важат Општи услови за патување