БОЖИЌЕН БАЗАР
ВИЕНА
Виена е град на божиќните пазари. Oд средината на Неомври па се до Божиќ, поголем дел од плоштадите во Виена се трансформираат во магични божиќни пазари.Стариот град и трговските улици се украсени со празнични светилки кои ја прават Виена магична! Возот на рингишпилот и “Ирвасите на Дедо Мраз” ги прават детските срца да чукаат побрзо, а оние што сакаат можат да одат на лизгање на мраз која е исто така атракција во Виена.
1 ден. 07.12. Четврток СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 14:00 часот. Тргнување кон Виена во 14:30 часот. Се патува преку Србија и Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден. 08.12. Петок ВИЕНА
Пристигнување во претпладневните часови. Следи задолжителен панорамски разглед на градот со локален водич: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан, Бург театар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере, Операта, Градското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот…
Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови организирана прошетка низ центарот на Виена и посета на Божиќните базари со можност да се вкусат прекрасните деликатеси и греано вино. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање
3 ден. 09.12. Сабота ВИЕНА – БРАТИСЛАВА – Шопинг центар Parndorf – ВИЕНА
Појадок. Факултативна посета на Братислава: Братиславскиот дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Најубавиот дел на Братислава има бајковит божиќен базар. Стариот град мириса на разни деликатеси и звуци од божиќни песни.
Враќање во Виена и посета на аутлет шопинг центар Designer Outlet Parndorf, слободно време за индивидуални активности и шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 10.12. Недела ВИЕНА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотел. Факултативна посета со локален водич на дворецот „Шенбрун“ познат како летната резиденција на Хабсбуршката монархија, изграден 1.700 г. Дворецот со околните волшебни градини говори за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо Јосиф… Факултативна посета на Дунавската Кула од каде се пружа прекрасен поглед на градот. Слободно време за индивидулни активности. Во попладневните часови заминување кон Скопје.
Пристигање во Скопје во претпладневните часови на 11.12 Понеделник
ПРОМО ЦЕНА 199 евра / 12.340 мкд ДО 07.11
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 229 евра / 14.200 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ:
Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
За оваа програма важат Општи услови за патување