Вила Атина се наоѓа на само 150 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во Јерисос.
Во куќата располагаме со 3 наши високо квалитетни студија кои се наоѓаат на прв кат. Куќата е нова градба, за најпробирливи патници и сите студија се многу пространи и се опремени со фен, пегла, тостер, кафемат, комарници, даски за пеглање и сл., огромни тераси со маси и столови, високо квалитетно средени кујни со апсолутно сите потребни елементи во кујните, како и реновирани пространи тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг околу вилата.
Студио број 1 (1/4) – пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, стандарден кревет и софа.
Студио број 2 (1/4) – пространо студио со голема тераса, целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, стандарден кревет и софа.
Студио број 4 (1/4) – пространо студио со голема тераса (страничен поглед море), целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, 2 стандардни кревети и софа.