Вила Даниела Маврово

ЗИМА 2022/2023

 

ВИЛА ДАНИЕЛА – МАВРОВО 

 Маврово е најпознатиот, најголемиот и најубавиот зимски туристички центар во земјава.Сместен во истиоимениот национален парк Маврово, плени со својата убавина. Со високите планински врвови високи над 2000 метри надморска височина, чистиот воздух, чистата и здрава природна околина во поголемиот дел недопрена со човечка рака, го прави Маврово мало парче рај како во Македонија така и на Балканскиот Полуостров.

Што е интересно за туристите и посетителите кои доаѓаат да го видат?! Маврово ги има најубавите ски центри во Македонија целосно опремени со жичари, ски-лифтови и можност за деноноќно користење на ски патеките. Туристите и посетителите на располагање имаат многу хотели, вили, апартмани, ресторани… Вистинско доживување за посетителите се посетата на бачилата каде можат да пробаат и вкусат од здравиот планински чај, домашна ракија, сирење, туршија…

Вила Даниела се наоѓа во Маврово, во близина на новата црква Св. Никола, на 800м од жичарата, и е коплетно реновирана.

Располага со три соби на 1 кат  – две со брачен кревет, една со два единечни кревети на спрат.

На приземје е сместена пространа двевна соба со камин, кој е поврзан со парно на струја. Во дневната има  и гарнитура со тросед, двосед и фотелја
Има можност за 2 дополнителни легла

Вилата има wi-fi. Со приватен паркинг за 2 автомобили

Максималниот капацитет за 6 + 4  луѓе

Има двор со скара.

Соседството е мирно.

Check in: 12:00,

Check out: 12: 00

 

Координати со локација: 41.662800, 20.728671

Цена за наем од ден :

01.10-29.12.2022 – 175 еур

29.12 – 22.01.2023 – 235 еур

23.01-31.03.2023 – 175 еур

Напомена :

Во периодот од 29.12-22.01.2023 мин престој 5 ноќи

Во периодот од 01.10-29.12.2022 & 23.01-31.03.2023 мин престој 2 ноќи

Havana Logo with separators