Water Side Resort & Spa 5*- Side

 WATER SIDE RESORT & SPA 5*- SIDE

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Titreyengol, 70км од аеродромот во Antalya и 7км од античкиот град Side.

Сместување
Вкупен број на соби 374. Стандардни соби (26m², една спална соба со брачен кревет+ единечен кревет+софа, едно купатило, макс.2+2 лица), Економски соби (22m², една спална соба, едно купатило, мнакс. 2 лица), фамилијарни соби (32m², може да биде дуплекс или две соби една до друга, со врата помеѓу, или врата на лизгање во дуплекс собите, едно купатило, макс.4 лица) и четири соби за лица со хендикеп. Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, клима уред, телефон, сеф, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали и балкон.

Услуга
Ultra all Inclusive- шведска маса со појадок, ручек, вечера, попладне закуски, бифе за деца и ресторан за деца, ресторан за закуски на плажа со безалкохолни пијалоци и пиво, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци 24 часа на ден, свежо цеден сок од портокал само за појадок, сладолед за време на одредени часови, бар на плажа за закуски од 10.00 – 18.00 часот (само локални пијалоци), A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за престој. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, коктели, луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: – Paha (Турска кујна), Toscano (Италијанска кујна) и Irmak (Рибен ресторан), барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, услуга за перење и сушење, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во јавните зони и собите е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, 250 метри од хотелот. Бесплатни лежалки, чадаори за сонце и пешкири на плажа. Има бесплатен превоз до плажа во текот на целиот ден .

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, лизгалка на вода, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа, Турска бања, тениски терен, мини голф се бесплатни. Масажа, сауна, билијард, осветлување за тениски терен, Wellness и SPA центар и спортови на вода се доплаќаат. Забава со дневни програми покрај базен и на плажа, натпревари за возрасни и деца, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години со специјални програми, игралиште, мини диско навечер.

www.watersideresorthotel.com

Havana Logo with separators