Златибор

ЗЛАТИБОР  (10.03-12.03.2023)

Ел Пасо, Дрвенград,Врњачка Бања

Прв ден: 09.03.2023 (Четврток)

Тргнување на групата во 22:30 од Скопје и 23:00 часот од Куманово кон  Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

Втор ден: 10.03.2023 (Петок)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и организирана посета на каубојскиот град Ел Пасо. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад … Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град и го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на местото.  Во пладневните часови сместување во Хотел Мона 4* ( https://www.monazlatibor.com/ ), кој се наоѓа на одлична локација во центарот на Златибор. Слободно време за уживање во Спа Центарот на хотелот, базените, како и за индивидуални активности на Златибор.  Можност за заедничка факултативна вечера на групата, зависно од барањата на патниците. Ноќевање.

Трет ден: 11.03.2023 (Сабота)

Појадок. Факултативно заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот “Бела Водa” и познатата железница “Шарганска Осмица”. Во попладневните часови враќање во Златибор и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Четврти ден: 12.03.2023 (Недела)

Појадок. Одјавување од хотелот, слободно време за кратка прошетка, кафе пауза, купување сувенири и шопинг на Златибор. Заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и посета на  многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Цена по лице : 10.990 ден.

Промо цена по лице за последни соби: 9.490 ден.

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во Хотел Мона 4* ( https://www.monazlatibor.com/ )
  • Бесплатно користење на велнес центар ‘Инспириум’ во хотелот ( затворен базен, 2 топли хидромасажни базени, теретана итн… )
  • Посета на Ел Пасо
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето
  • Oрганизиран превоз од Кавадарци, Неготино и Велес

 

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Посета на Дрвенград, Бела Вода и Шарганска осмица со вклучена влезница и локален водич – 20 евра по лице
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
  • Туристичка такса и хотелско осигурување 179 денари по лице за 2 ноќи (се плаќа во агенција)
  • Можност за заедничка факултативна вечера
  • За користење на сауна свет во хотелот доплата 4 евра по лице на лице место

Напомени и услови:

  • Деца до 7 години бесплатно (доколку делат кревет со родител или на помошно креветче). Плаќаат само превоз доколку користат – 3.490 ден.
  • Доплата за деца од 7-12 години – 6.590 ден. за пакет аранжман со организиран превоз (со сопствено седиште во автобус). За аранжман со сопствен превоз деца од 7-12 години – 890 ден.
  • Доплата за 3-то возрасно лице – 8.790 ден. за пакет аранжман со организиран превоз. За аранжман со сопствен превоз доплата за 3-то возрасно лице – 5.390 ден.
  • За еднокреветна соба се одбива 15% од редовна цена на аранжманот
  • Цена за аранжман со сопствен превоз по лице – 6.790 ден.
  • За реализација на ова патување потребни се минимум 35 патници

 

Havana Logo with separators
mk_MKMacedonian