РИМ
27.02.2027-02.03.2027
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Рим не бил изграден во еден ден, а ниту еден ден не е доволен за да се открие сето негово богатство… Град со речиси 3.000 години историја, во кој минатото и сегашноста се испреплетуваат на секој чекор. Величествени споменици, импозантни плоштади, живописни улици и архитектура која сведочи за моќта и големината на една од највлијателните цивилизации во светот… Колосеумот и Римскиот форум, симболи на некогашната Римска империја… Ватикан, базиликата „Свети Петар“ и музеите што ги чуваат ремек-делата на Микеланџело… Легендарната Фонтана ди Треви и традицијата на фрлање паричка со желба повторно да се вратите… Шпанските скали, прекрасната Пјаца Навона, шармантните улички и автентичната италијанска атмосфера…
Цена на аранжманот во предпродажба: 439 € / 27.200мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 539 € / 33.400 мкд
1ден 27.02 Сабота Скопје – РИМ
Состанок на групата на аеродром во два часа пред лет.
Полетување за Рим во 15:55 часот и слетување во 17.40 часот.
Организиран трасфер од аеродром до хотел Mercure Roma Centro St. John 4*.
Сместување во хотел и слободно време, препорачуваме кратка прошетка за први впечатоци. Ноќевање.
2ден 28.02 Недела РИМ
Појадок. Разглед на град, пешачки, во придружба на локален водич: Колосемуот, Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција….
Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим…
Слободно попладне.
Слободна вечер, препорачуваме посета на боемскиот кварт Трастевере, вистинската слика за наќниот живот во Рим, со безброј мали ресторанчиња и вкусна италијанска храна… Ноќевање.
3ден 01.03 Понеделник РИМ – Ватикан
Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар….
Слободно време за ручек, индивидуални активности.
Препорачуваме – факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки, прошетка по мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска населба…
Слободна вечер. Ноќевање.
4ден 02.03 Вторник РИМ – – Тиволи – Скопје
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на Тиволи, живописно гратче во околината на Рим, познато по своето исклучително културно и историско наследство. Тука се наоѓа величествената Вила д’Есте, едно од најзначајните ремек-дела на италијанската ренесанса, впишана на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. Нејзините раскошни градини, импресивни тераси и бројни фонтани, кои претставуваат вистински уметнички и архитектонски достигнувања, создаваат единствен амбиент и ја прават оваа вила една од највпечатливите знаменитости во околината на Рим. Враќање во хотел. Или слободно време за индивидуални активности.
Организиран трансфер до аеродром (оклу 15.00 часот). Полетување за Скопје во 18:20 часот и слетување во 20:05 часот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје со Визер
Аеродромски такси
Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Сместување во хотел Mercure Roma Centro St. John 4* на база 3 ноќевања со појадок
Организиран пешачки разглед на Рим со локален водич
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Туристичка такса 22,5 евра (се плаќа во хотел на рецепција)
Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Карти за локален превоз (метро)
Патничко – здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 6.500 денари
Факултативни излети:
Посета на Ватикан со локален водич и влезница 75 евра – задолжително пријавување и уплата во агенција, бројот на влезници во група е ограничен.
Посета на Тиволи со локален водич и влезница 75 евра – задолжително пријавување и уплата во агенција
Разглед на РИМ – 20 евра
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
Дете од 2 до 12 год. плаќа 409 евра.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 18 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување.