Пролом Бања за Велигден

18.04-21.04.2025

285€

Пролом Бања се наоѓа на југот на Србија, на падините на планината Радан, густо покриена со шума. Таа е една од трите бањи кои се наоѓаат во околината на Куршумлија, веднаш до Куршумлија и Луковска, а меѓу нив е и најмладата, а воедно и најпосетуваната. Бањата Пролом се наоѓа веднаш до истоименото село, по кое го добило своето име, сместени покрај горниот тек на реката Пролом, десната притока на Косаница. Токму Велигден, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.
За ова патување се резервира со време, не 5 до 12 😊 Во продолжение програмата…

 

ТЕРМИН: 18.04-21.04.2025

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 319€/ 19.778МК
ПРОМО ЦЕНА ДО 15.03: 285€/ 17.670МКД 

 

18.04.2025 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата во 05.30 часот на паркингот пред хотел Русија. Поаѓање за Пролом Бања во 06.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне. Сместување во хотел Радан (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса).  Ручек. Слободно време за индивидуални активности и релаксирање во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

19.04.2025 (САБОТА) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок
. После појадокот, заминуваме  на факултатувна посета на Ѓавола Варош (доколку дозволат временските услови). Овој  мистичен споменик на природата е избран во Топ 77 најголеми чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за реласирење во Спа центарот на самиот хотел. Вечера. Ноќевање.

20.042025 (НЕДЕЛА) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Околу 10.00 часот организирана пешачка прошетка до црквата Лазарица, која е единствена црква-брвнара во овој крај. Позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

20.042025 (НЕДЕЛА) ПРОЛОМ БАЊА-СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за посета на  црквата Преображение Господово која се наоѓа веднаш спроти хотелот или користење на Спа центарот до 11.30час. Поаѓање за Македонија во 12.00час. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
-Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
-Сместување во двокревтни стандардни соби во хотел Радан 3*  на  на база 3 ноќевања со појадок, ручек и вечера (шведска маса)  https://prolombanja.com/

– Организирана пешачка прошетка до црквата Лазарица со локален водич
-Секојдневно користење на Велнес центарот (сауна, џакузи базен со лековита пролом вода, солена соба, сауна, тепидариум, отворен-затворен базен)
-Секојдневно користење на фитнес салата, сала за релаксација (билијард, пинг-понг, пикадо)
-Организација, реализација и придружник на патувањето
-Туристичка такса

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Факултативна посета на Ѓавола Варош со локален водич, превоз и влезница-5 еур (Eкскурзијата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови)
-Индивидуални трошоци (масажа, пијалоци и др.неспомнати услуги)
-Патничко осигурување

 

ДОПЛАТИ И ПОПУСТИ:
-Дете до 6.99год.- во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден.
-Дете 7-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, плаќа 145€/8.990ден
-Трет возрасен на дополнително кревет плаќа полна сума (на барање)
-Доплата за еднокреветна соба 40€/2.480ден за три ноќевања
-Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден од патник.

 

 

НАПОМЕНА:

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
-Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
-Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
-За ова патување важат Општите Услови за Патување.

 

 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација