ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување… а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот… Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..
АВИОН / 4 дена/ 3 ноќевања
05 Декември (петок) СКОПЈЕ – БРАТИСЛАВА – ВИЕНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:00 часот. Полетување за Братислава во 12:05 и слетување во 13:40 часот. Разглед на Братислава: посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Посета на традиционалниот божиќен базар и можност да го пробате божиќниот бургер „Циганска„ и да уживате пиејќи ароматично греено вино. Трансфер од Братислава до Виена (80 km) и сместување во хотел. Ноќевање.
06 Декември (сабота) ВИЕНА
Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од Еуген Савојски, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта… Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Слободнo време за шопинг по познатата улица Mariahilferstrasse, посета на некое од виенските кафулиња и уживање во “melange” кафе и Сахер торта или посета на ресторан и можност да се проба “вистинската” виенска шницла и Пилснер пиво. Посета на божиќниот Базар, да се осети празничната магија со мирисот на ароматичните пекарски производи, печени бадеми, слатки и топли пијалоци за загревање. Рингишпил и забавни работилници за деца, божиќни подароци, весела музика. Ноќевање.
07 Декември (недела) ВИЕНА
Појадок. Факултативно, пешачка прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург кој бил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резиденција на австрискиот претседател… Посета на Пратер – најстариот забавен парк во светот кој зафаќа површина од 6 милиони квадратни метри. Денес тоа е задолжителна станица за туристите кои ја посетуваат Виена со околу 4,2 милиони посетители годишно. Се вели дека Пратер е место каде што се среќаваат културата и архитектурата, традицијата и иновациите. Забавен парк, носталгично место, оаза на зеленило и локацијата на „Големото тркало“, еден од најголемите симболи на Виена. Слободно време за ручек и уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Не го пропуштајте божиќниот базар! Ноќевање.
08 Декември (понеделник) ВИЕНА – БРАТИСЛАВА – СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер до Братислава со попатна посета на Парндорф најголемиот шопинг центар во Австрија. Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 18:55 и слетување во 20:30 часот.
За уплата до 26.10.2025: 529 евра   (32.800 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 579 евра (35.900 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје – Братислава – Скопје
 - Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm до 10kg)
 - Организиран трансфер од аеродромот до хотелот и обратно
 - Сместување во “Club Hotel Cortina” 3* во Виена на база 3 ноќевања со појадок
 - Разглед на Виена со локален водич според програмата
 - Разглед на Братислава според програмата
 - Посета на шопинг центар Пардорф
 - Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Пешачка прошетка со водич во Виена 20 евра
 - Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *(цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поѓање)
 - Туристичка такса 840 денари (се плаќа во агенција)
 - Посета на Шенбрун 55 евра (трансфер, влезница, водич)
 - Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
 - Патничко – здравствено осигурување
 - Доплата за еднокреветна соба 10.200 денари
 - Дете од 2 до 5 год. плаќа 330 евра, дете од 5 до 12 год. плаќа 360 евра.
 
НАПОМЕНИ:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенцијата
 - За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
 - Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
 - Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето