( Џенова – Лугано – Комо – Сирмионе )
Термин: 05 Декември
“Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската мода. Се е предодредено на модата, од архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во опера, театар или во многубројните клубови.
1 ден 05.12.2025 СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:00 часот. Поаѓање за Верона во 10:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2 ден 06.12.2025 МИЛАНО
Планирано пристигнување во Милано во предпладневните часови. По пристигнувањето одиме на факултативен разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера, една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки… Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 07.12.2025 МИЛАНО – ЛУГАНО (ШВАЈЦАРИЈА) – КОМО
Појадок. Предлагаме целодневна посета на Лугано (Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки. Потоа го посетуваме градчето Комо кое се наоѓа на брегот на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет – сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни), вилите на Стинг, Ричард Брансон. Тука е сниман и филмот “Casino Royale” – Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод покрај некои од познатите вили. Слободно време за прошетки. Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.
4 ден 08.12.2025 МИЛАНО – СИРМИОНЕ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Слободно претпладне во центарот на Милано. Во договор со водичот патувањето продолжува кон Сирмионе – езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Скопје продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи. Ноќно возење.
5 ден 09.12.2025 СКОПЈЕ
Планирано пристигнување во Скопје на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во пладневните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 209 евра / 12.960 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 евра / 14.820 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Милано – Скопје
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Милано
- Организација и водство на програмата
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително патничко осигурување 250 денари
- Разглед на Милано 20€
- Факултативен излет за Лугано и Комо 60€
- Крстарење по езерото Комо (30мин) 20€
- Задолжителна посета на Сирмионе 20€
- Пакет излети 100€
- Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
- Доплата за еднокреветна соба 4.650 денари
- Доплата за избор на седиште 20€
- Доплата за дополнително седиште 150€
НАПОМЕНИ
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници
- Пасошот треба да има важност минимум 3 месеци по завршување на патувањет
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на агенцијата
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила
- Патникот има обврска да се јави 24ч пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање