🌷ЖЕНСКА АВАНТУРА НА КИПАР🌷
07.03. – 10.03.2026
Прославете го Денот на жената на најубав можен начин сонце, море и медитеранска магија!
Оваа година, подарете си моменти на уживање и релаксација на прекрасниот Кипар, остров исполнет со историја, шарм и вкусна храна.
Уживајте во прошетки покрај тиркизното море, запознајте ги убавините на Ларнака, Аја Напа и Никозија, вкусете автентична кипарска кујна и почувствувајте го духот на Медитеранот.
Навечер, препуштете се на добро друштво, музика и наздравете за женственоста, силата и убавината што секоја жена ја носи во себе.
РЕДОВНА ЦЕНА: 389 € / 24.120 ден
ПРОМО ЦЕНА: 329€ / 20.400 ден до 20.02.2026
ПРВ ДЕН – 07.03.2026 (САБОТА) СКОПЈЕ – КИПАР
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 18:15 часот. Полетување за Ларнака во 20:15 часот, пристигнување во 23:25 часот. Организиран трансфер до хотел и сместување. Слободна вечер. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 08.03.2026 (НЕДЕЛА) ЛАРНАКА – НИКОЗИЈА – ЛАРНАКА
Појадок. Слободно време за истражување на градот или пак организирана факултативна екскурзија (70 Еур) на главниот град на Кипар – Никозија. Град поделен на два дела и две временки зони, граница и пасошка контрола. Фактот дека се преминува од една во друга држава за само 2 минути и поместувањето на часовникот за еден час понапред е посебно искуство. Најинтересниот дел на Грчката страна од градот е наречен Laiki Getonia , исполнет со голем број на продавници, кафичи, атељеа и тесни улички. Посета на Кипарскиот Археолошки музеј кој поседува голема колекција на предмети од преку 9000 годишна историја на островот. Голем број од старите куќи се рестарвирани, а во рамките на стариот град се наоѓа Етнографскиот музеј, големата палата на Архиепископот Макариос III првиот и доживотен претседател на републиката, како и најголемата банка на Кипар за која се кажува дека е во сопственост на Кипарската православна цркава. Слободно време за ручек. По ручекот се заминува према зелената линија и познатиот зид кој го дели Кипар на Грчки и Турски дел. Враќање во хотел во Ларнака. Слободна вечер со можност за посета на ноќен клуб. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 09.03.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ЛАРНАКА – КОУРИОН-ЛИМАСОЛ-ОМОДОС-ПАФОС – ЛАРНАКА
Појадок. По појадокот можност за факултативна (80 Еур) екскурзија со посета на стариот град Лимасол. Лимасол е втор град по големина на Кипар (после Никозија) и најпопуларно летувалиште на островот на Афродита после Аја Напа. Лимасол е голем туристички центар, со долги шеталишта во центарот на градот, до самото море. На брегот од лева и десна страна се нижат безброј хотели и туристички населби. Овде сте во можност да уживате во долгите плажи, прекрасните хотели и секако и во стариот дел на градот каде можете да ги видите локалците како играат табла и пијат кафе во текот на целиот ден. Градот ви нуди голем избор на продавници од секаков тип кој ќе ги задоволи дури и оние најпребирливите. потоа ќе продолжиме да посетиме прекрасно село сместено во областа Лемесос (Лимасол). Ќе го посетиме и убавото село Омодос каде се произведува вино, кое се наоѓа на надморска височина од 800 метри на планинскиот венец Тродос, во прекрасната област „Красохорија“, на само 42 километри од градот Лемесос. Омодос е едно од најтрадиционалните и најшармантните села на островот. Селото постои од периодот на Франките и е означено како „Хомодос“ и „Хомоклос“ на старите карти, а неговото име потекнува од грчкиот збор за улица – „одос“. Познат по виното, позитивната енергија, рачно изработените тесно плетени врвки и лебот „аркатена“, неговата чудна околина е совршена за агротуризам. И покрај неговата скромна големина, Омодос има многу интересни глетки. Сместени во непосредна близина еден до друг се калдрманиот плоштад, старите камени куќи, локалните винарии, средновековната преса за вино и манастирот Тимиос Ставрос (Светиот крст), со старите икони и импресивни резби. Ќе видиме и музеј посветен на НОБ, како и центар за зачувување на тесно плетените врвки и Музеј на икони. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање
ЧЕТВРТИ ДЕН – 10.03.2026 (ВТОРНИК) ЛАРНАКА – СКОПЈЕ
Појадок. Заминување во 12.00 часот за разглед (вклучен во цена) на еден од најстарите градови на светот, град со испреплетени години историја, култура и уметност, во кој се измешале повеќе цивилизации како Персиjци, Грци, Египќани, Византици, Отоманци, Турци и Британци. Град со посебен шарм и поволна блага клима. Разглед на градот Стар Китон (Ларнака), Паркот на камилите, Неолитски споменик- “Choirokoitia“, Големата џамија-Кебир, Султан Теке, Солено Езеро, Црквата Аг.Лазарос, Археолошки музеј Пиеридес, Плажа Финикудес, Манастир Ставровуни. Трансфер до аеродромот во Ларнака во 15,00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување од Ларнака во 18,15 часот. Пристигнување во Скопје во 19.40 часот. Организирани трансфери по градови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Директен лет на релација Скопје –Ларнака -Скопје
– Аеродромски такси
– Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
– Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
– Сместување во 3* хотел на база 3 ноќевања со појадок во хотел во Ларнака
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
-Разглед на Ларнака со водич
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )
– Факултативен излет Коурион-Лимасол-Омодос-Пафос (80 Еур -вклучени влезници
-Вечера во национален ресторан (40 Еур-вклучен пијалок
– Целодневна посета на Никозија ,со водич и трансфер – 70 евра
– Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
– Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа во агенција)
НАПОМЕНИ:
– Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
– Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
– При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
– Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
– Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.