Париз

05.03.2026-08.03.2026

499€

ПАРИЗ – Елеганција, цвеќе и инспирација за 8-ми Март
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
Авион /4 дена /3 ноќевања

Париз во пролет расцутува со нежна енергија и романтика што се чувствува на секој чекор. Градот на светлината, разбуден од зимата, блеска со свежи бои, цветни паркови и долги сончеви прошетки покрај Сена. За 8-ми Март, Париз е совршена сцена за славење на женственоста, убавината и љубовта кон животот.

Овој период од годината, Париз нуди совршен спој на култура, романтика и инспирација. Вашиот престој ќе биде исполнет со елегантни прошетки, уметност, историја и моменти кои се паметат – идеален избор за пролетно бегство и незаборавно одбележување на 8-ми Март.

05.03.2026 (четврток) СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:30 часот. Полетување за Париз во 06:00 и пристигнување во Париз во 09:05 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз со локален водич: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија,, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург…Во попладневни часови посета на Монмартр (со метро) – место каде уметноста и пролетната магија се спојуваат. Пигал, Мулен Руж (влез со доплата). Ноќевање.

06.05.2026 (петок) ПАРИЗ – Лувр –Елисејски Полиња – Ајфелова Кула– Сена
Појадок. Организирана пешачка тура: Од Пирамидата пред Лувр (влез со доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејските Полиња. Слободно време за шопинг и ручек во срцето на Париз. Посета на Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро и Ајфеловата кула, Можност за романтично крстарење по Сена под светлината на прекрасните мостови. Враќање во хотел. Ноќевање.

07.05.2026 (сабота) ПАРИЗ – Дизниленд- Монмартр и Пигал- Латински Кварт
Појадок. Можност за факултативна посета (превоз со брз воз) до најмагичниот забавен парк во Европа – ДИЗНИЛЕНД.
За останатите, препорака за пешачка тура низ срцето на Париз: посета на Богородичната црква Нотр Дам, Sainte-Chapelle – ремек-дело на готската архитектура познато по своите величествени витражи, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет, која во овој период е препознатлива по своите импресивни фасади и раскошни излози, како и музејот за парфеми Фрагонар.

08.05.2026 (недела) ПАРИЗ- СКОПЈЕ
Појадок (за носење). Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 09:40 часот, пристигнување во 12.25 часот

Цена на аранжманот: 549 евра/ 34.000 мкд
Цена за ранa уплатa до 31.12: 499 € / 30.900 мкд

Можност за плаќање со Iute на 4 рати без камата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со WizzAir
• Аеродромски такси
• Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
• 3 ноќевања со појадок во хотел Campanile 3* Porte de Bagnolet – Paris
• Превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
• Организиран панорамски раглед на Париз со локален водич
• Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група: Пирамидата пред Лувр (влез до доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња, Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата), Богородичната црква Норт Дам, Sainte-Chapelle (влез со доплата)
• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 2,5 карнет за 1 возење)
• Доплата за голем кабински до 10кг. или чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
• Туристичка такса 5,2 € по лице на ден – се плаќа на рецепција во хотел
• Влезница за Ајфелова Кула – влезница 25-60€ (картите се купуваат на лице место)
• Влезница за Лувр 42€ влезница со термин (пријавување во агенција)
• Влезница за брод по Сена 25€ (пријавување во агенција)
• Посета на Операта Гарние 25€ влезница со термин (пријавување во агенција)
• Посета на Мулен Руж со претстава -цена од 100-250€ со пијалок ½ шампањ (пријавување во агенција)
*Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (80-150 € возрасен, дете до 12 год. 70-140 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € по правец* можност за организирање приватен трансфер
• Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд

Напомена:
Доплата за еднокреветна соба 9,380 мкд
Деца до 1.99 год плаќаат 90 еур
Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни
Промена на име на патник БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓање

За оваа програма важат Општите услови на Туристичка Агенција Хавана Травел

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
 Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
 Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
 Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
 За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
 Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
 Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
 ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
 За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
 Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
 За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
 Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
 Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
 Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
 При отказ на резрвација од страна на клиентот или промена на име, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
 Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
 Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
 ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ

 Организатор на патувањето е туристичката агенција Хавана Травел од Скопје со лиценца А (Министерство за Култура и Туризам)

 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација