Пролом Бања

06.03.2026-08.03.2026

179€

🌷 ПРОЛОМ БАЊА🌷

06.03 – 08.03.2026

 

Пролом Бања се наоѓа на југот на Србија, на падините на планината Радан, густо покриена со шума. Таа е една од трите бањи кои се наоѓаат во околината на Куршумлија, веднаш до Куршумлија и Луковска, а меѓу нив е и најмладата, а воедно и најпосетуваната. Бањата Пролом се наоѓа веднаш до истоименото село, по кое го добило своето име, сместени покрај горниот тек на реката Пролом, десната притока на Косаница.

Токму за денот на жената, искористете го за прошетка и градење спомени, тура за сите тие кои сакаат ново искуство.

 


РЕДОВНА ЦЕНА: 199 / 12.339мкд

ПРОМО ЦЕНА: 179  / 11.099мкд

ПРВ ДЕН – 06.03.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА

Состанок на групата во 05.30 часот на паркингот пред хотел Русија. Поаѓање за Пролом Бања во 06.00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне. Сместување во хотел Радан (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса).  Ручек. Слободно време за индивидуални активности и релаксирање во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН – 07.03.2026 (САБОТА) ПРОЛОМ БАЊА                                                                                                               

Појадок. После појадокот, заминуваме  на факултатувна посета на Ѓавола Варош (доколку дозволат временските услови). Овој  мистичен споменик на природата е избран во Топ 77 најголеми чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време за реласирење во Спа центарот на самиот хотел. ВечераНоќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН – 08.03.2026 (НЕДЕЛА) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ

Појадок. Во 10.00 часот организирана пешачка прошетакa до црквата Лазарица, која е единствена црква-брвнара во овој крај. Враќање во хотел и во 12.30 час поаѓање за Македонија.Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во двокревтни стандардни соби во хотел Радан 3* 
– Забавна музичка програма за 8ми Март
– Две ноќевања со појадок, ручек и вечера  (шведска маса
– Секојдневно користење на Велнес центарот (сауна, џакузи базен со лековита пролом вода, солена соба, сауна, тепидариум, отворен-затворен базен)
– Секојдневно користење на фитнес салата, сала за релаксација (билијард, пинг-понг, пикадо)
– Организирана прошетка до црквата Лазарица
– Организација, реализација и придружник на патувањето
– Туристичка такса

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

– Факултативна посета на Ѓавола Варош со локален водич, превоз и влезница-5 еур (Факултативата ќе се реализира, доколку дозволат временските услови)
– Индивидуални трошоци (масажа, пијалоци и др.неспомнати услуги)
– Патничко осигурување 

ДОПЛАТИ И ПОПУСТИ:

-Дете до 6.99год.- во придружба на 2 возрасни на дополнително легло, бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден.
-Дете 7-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло-50% попуст
-Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања
-Намалување за сопствен превоз -10€/620 ден од патник. (само од редовната цена)

НАПОМЕНИ:
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
– Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници.
– За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
– Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
– Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
– Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
– Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
– Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација