Јужна Италија

4 ноќи со автобус од 08.10.2024

359€

Програма

 

НАЈДОБРОТО ОД CAMPANIA – PUGLIA & BASILICATA !

 

1.ден (08.10.2024 – вторник) БИТОЛА Состанок на групата на градската автобуска станица во 13:00 часот. Поаѓање за Албанија во 13:30 часот. Патот води преку Охрид, Струга, г.п.Ќафасан…пристигнување на пристаништето во Драч во касните попладневни часови. Трансфер на траект. Поаѓање за Бари во 22:00 часот. Ноќевање.

2.ден (09.10.2024 – среда) БАРИ – АЛБЕРОБЕЛО – СОРЕНТО Пристигнување во главниот град на регионот Puglia – Бари во 08:00 часот. Авантурата започнува со упатување кон Алберобело – мало гратче оддалечено околу 70 км. Југоисточно од Бари, град на Trulo куќарки – единствен во светот (заштитен од УНЕСКО) изграден со цел да се измами тогашната власт…целата приказна започнува со грофот Aquaviva кој ги преселува своите закрепостени селани на тој простор, да го исчистат истиот и го претворат во обработливо земјиште, а истовремено направи населба која брзо може да се сруши и брзо изгради, се со цел да се избегнат даноците кои ги наметнале тогашните властелини. Така се роди Borghi piu belli d’Italia (едно од најубавите села во Италија)…слободно време за лутање, фотографирање и кафе пауза низ уличките на оваа уникатна туристичка атракција, посетена од илјадници туристи од целиот свет…патувањето продолжува кон регионот Campania, пристигнување во Соренто во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови – по желба, вечерна прошетка низ централното градско подрачје на Соренто. Ноќевање.

3.ден (10.10.2024 – четврток) ПОМПЕА – НЕАПОЛ Појадок. По појадокот – заминување за Помпеа…факултативна посета на најпосетуваниот археолошки локалитет во Италија, град кој трагично престана да егзистира во 79 година н.е. како последица од вулканската ерупција на вулканот Везув…градот со околу 20.000 жители бил затрупан со 7 м. пепел случајно бил откриен кон крајот на 18.век и денес претставува еден од најголемите археолошки паркови во светот, со перфектно зачувани стамбени згради, храмови, театри, дворци и термални бањи – посетен од преку 2 милиони туристи годишно…на пладне – поаѓање за Неапол, разглед (панорамска и пешачка тура) на главниот град на регионот Campania со стручен водич…обиколка на Градскиот плоштад – Piazza di Plebiscito, Општинската зграда, замокот Castelo Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, Шпанскиот кварт, црквата San Francesco, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија, пицерија чии гости биле Софија Лорен, Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона – Da Mateo…слободно време за истражување на живописниот и полн со бои стар дел на градот наречен Spaccanapoli…состанок на групата на претходно договореното место во 19.00 часот…враќање во хотел. Ноќевање.

4.ден (11.10.2024 – петок) КАПРИ – СОРЕНТО Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет за островот Капри, единствен и уникатен пример на спој на природни убавини, стара архитектура и гламур…поаѓаме со хидроглисер од Соренто и на Капри се пристигнува на Marina Grande…оттаму, со организиран превоз стигнуваме до гратчето Ана Капри – лутиот соперник на градот Капри во средниот век. Прошетка низ Ана Капри со локален водич. Слободно време за индивидуален разглед на местото. Слегуваме (со организиран превоз) до истоимениот главен град на островот…посета на Градините на Царот Августин, Via Crupp, Marina Picola, локалитетот Faraglione (3-те стени, симболот на островот), Piazza Umberto со надалеку познатата камбанарија од 17.век и сатот обложен со мајолика…можност за прошетка низ старите улици, продавници со локална роба, сувенирници, како и бутиците со фирмирана роба од највисок квалитет…состанок на групата на претходно договореното место во 18.00 часот. Поаѓање за Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот…плоштадот Torquato Tasso, црквата San Antonio, villa Comunale, улицата Via Corso Italia…Состанок на групата на претходно договореното место во 21.30 часот. Враќање во хотел. Ноќевање.

5.ден (12.10.2024 – сабота) ПОЗИТАНО – АМАЛФИ Појадок. По појадокот слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативен целодневен излет за Амалфи и Позитано – „бисерите“ на туристичката понуда на Италија…2-та града се секоја година во првите 10 најбарани дестинации во Италија, како за викенд,

така и за летен одмор од страна на туристите…Се упатуваме во Позитано – едно од најмонденските места во Италија…прошетка и разглед на ова прекрасно рибарско место со шарени куќи сместени на карпи каде што ќе можете да направите прекрасни слики…Заљубени во неговите тесни кривулести улици, куќи кои датираат од средниот век, многу познати личности од светскиот џет-сет купиле имоти во ова мало место. Во договорено време, од малото пристаниште во Позитано, со брод се упатуваме кон Амалфи…прекрасна можност да се воодушевувате и ја доживеете Амалфитанската обала од една друга перспектива. По пловење од отприлика 20-на минути, пристигнуваме во Амалфи…Амалфи беше првиот град кој воспостави силна поморска врска со Византија и Блискиот Исток. Над гратчето стрмо се издигнува планината Lataro, која го затвора местото од копно и така оневозможува ширење на местото…од друга страна, поради оваа причина, од гратчето има прекрасен поглед кон морето. Амалфи е под заштита на УНЕСКО заради својата исклучителна убавина. Овде ќе се прошетаме до катедралата Св. Андреја која има впечатливо скалило и украсна фасада…на крајот – овие 2 прекрасни места ќе Ве остават без здив…враќање во Соренто во касните попладневни часови. Слободно време за индивидуален разглед на градот…Ноќевање.

6.ден (13.10.2024 – недела) МАТЕРА – БАРИ Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање за регионот Basilicata и посета на Матера, некогашен главен град на овој регион (1663 – 1806). Главна атракција на овој магичен град е централното градско подрачје наречено Sassi – просторот каде што времето застанало. Градот се стекнал со најразлични имиња – „Поезија во камен“, „Урбан феномен“, „Библиски пејсаж“…низ ова „Чудо од архитектура“ ќе прошетаме покрај пештерските куќи стари 9000 години кои, како во временска машина – Ве враќаат назад и Ве шетаат низ вековите. Заради уникатната, единствена архитектура во Матера се снимени над 40 филмови, но најголемата популарност ја доживува со Мел Гибсон и снимањето на својот филм “Пасија” во 2004 година. Слободно време за индивидуален раглед на местото, со препорака за посета на катедралата од 1268.година…поаѓање за Бари во попладневните часови, со посета на базиликата Св.Никола и поклонение на неговите мошти. Трансфер на траект. Испловување од Бари во 22:00 часот. Ноќевање.

7.ден (14.10.2024 – понеделник) ДРАЧ – БИТОЛА Пристигнување во Драч во утринските часови. Поаѓање за Битола…пристигнување во Битола во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 22.260,00 ден. (359 €)

 

ДОПЛАТА за 1/1 соба : 4.340,00 ден. (70 €)

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 15 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 15 дена до почетокот на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, разглед на Неапол со стручен водич; 4 НП во Соренто (околина) во хотел со 3*; бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч – Бари – Драч (доплата за 1/4 кабина – 15 € по лице во правец, доплата за 1/3 кабина – 20 € по лице во правец; доплата за 1/2 кабина – 25 € по лице во правец, пријава и уплата со самата резервација во агенцијата); посета на Алберобело; разглед на Неапол со стручен водич; посета на Соренто; посета на Бари и базиликата на Св.Никола; ТРАНСФЕР на ПАТНИЦИ без надокнада од Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп; организација, водство и реализација на аранжманот;

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети; влезниците при посета на културно-историските споменици; патничкото осигурување; такса за престој по лице (се плаќа на рецепција); ЦЕНИ за ФАКУЛТАТИВАТА : факултативната посета на Капри – 70 € по лице (трансфер до пристаниште + повратна бродска карта + локален водич + трансфер на самиот остров); полудневниот факултативен излет за Амалфи и Позитано – 55 € по лице (трансфер + превоз со мини-бус + локален водич); посета на Помпеа & Неапол – 35 € по лице (трансфер + влезница + стручен водич + слушалки); посета и разглед на Матера со стручен водич – 15 € по лице (трансфер + стручен водич + слушалки – обавезна доплата во агенција со самата резервација!); За сите факултативни излети, минималниот број за остварување на истите е 30 патници;

 

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето; Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено; За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот; Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи; За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање; Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на ТА ХАВАНА ТРАВЕЛ 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација