Политика за заштита на лични податоци
Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната Havana travel.mk и објаснува како Туристичка агенција Хаванатравел (“Havana travel”, “нас”, “ние” и “нашите”) ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.Havana travel.mk, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:
- Видови на податоци кои ние ги собираме
- Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
- За кои цели Havana travel ги користи податоците
- Кога и како Havana travel открива податоци
- Како Havana travel ги собира податоците
- Безбедност на податоците
- Социјални мрежи
- Приватност на трети страни
- Терминологија
- Рок на чување на собраните податоци
- Вашите права и контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци
- Промена на политиката за приватност
ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:
- пристапувате или го користите нашиот сајт;
- ги отворате или одговарате на нашите email пораки;
- оставате коментари на сајтот;
- купувате производи или услуги преку нашиот сајт;
- се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример порачување услуга од нас , додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, , пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас повратни податоци, барање податоци за нашите услуги. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број, датум на раѓање, број на пасош и број на лична карта. Кога ќе резервирате патување, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на Комерцијална Банка. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме услуги, да ви понудиме акции, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за патувања и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна или социјална мрежа. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон. Секако основно е за резервација на едно патување да се внесат личните податоци, кои ние ги користиме за правење резерервација во хотел, за вадење авио карта, за патни листи и списоци како и за вадење на здравствено и патничко осигурање. Сето ова е за остварување на главната цел реализирање на патувањето.
НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата веб страна, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.
ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ
Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која Havana travel ја има со вас.
– Промотивни е-маил пораки
Имате можност на самата веб страна да се претплатите за да ги добивате нашите промотивни понуди, информации, а исто така го оставате вашиот меил и при резервација на Ваше патување преку нашата веб страница. Доколку не сакате да се користи Вашиот меил при првата порака што ќе ја добиете промотивно треба да не известите да Ве тргнеме од нашата листа, за во иднина веќе да не ги добивате нашите промоции.
– Колачиња и други технологии
Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со опцијата “Поставки на колачиња” која се појавува како Pop Up кога го посетувате www. Havana travel .mk . За повеќе информации ве молиме посетете ја “Политиката за колачиња” .
Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политика за колачиња за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу Havana travel и Вашиот профил на социјалната мрежа.
ЗА КОИ ЦЕЛИ ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА ХАВАНАТРАВЕЛ ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ
Ние ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел:
- реализирање на патувања (резервации во хотел, авио карта и патна листа во автобус при групни патувања);
- работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт и услугите кои ги нудиме, како и други програми;
- понуда на реклами според вашите интереси;
- да го олесниме резервирањето на сајтот, купувањето и плаќањето;
- да Ви одговараме на Вашите барања и прашања;
- анализа и спроведување на истражувања;
- да комуницираме и да Ве информираме за дополнителни работи околу нашата работа;
- да Ви испраќаме промотивни пораки и да бараме податоци за реализирање на патување;
- да администрираме анкети, наградни игри;
КОГА И КАКО ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА ХАВАНАТРАВЕЛ ОТКРИВА ПОДАТОЦИ
Ние нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со нашите Соработниците чии услуги, односно патувања во нивна организација се промовираат и продаваат кај нас. Ние Ве известуваме од кој организатор е патувањето со кој ќе ги споделиме Вашите податоци.
Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица . Овие “трети лица – соработници” извршуваат функции во наше име, Ве контактираат и ги користат Вашите податоци за реализација на патувањето или услугата. Исто така , кога нарачувате некоја услуга, податоците од Вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на Комерцијална банка и Кибс со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да испратиме податоци за вашата адреса на испорачувачот на услугата заради реализација на услугата. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.
Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработници.
КАКО ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА ХАВАНАТРАВЕЛ ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ
Податоците кои Вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на веб сајтот на Havana travel.mk и непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, резервацијата, телефoнски контакт и други активности потребни за резервација и реализација на патување или друга туристичка услуга.
Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате за ад добивате известувања од нас, кога резервирате и плаќате преку нашата веб страна. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството.
Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies). За да се олесни и прилагоди Вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на Вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитите нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале.
Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата за кои колачиња ќе ги користиме при вашата посета на веб страницата со опцијата “Поставки за колачиња”, за да одбиете зачувување на одредени колачиња. За повеќе информации прочитајте ја целата “Политика на колачиња“ .
Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт или во нашите е-пораки, кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција.
Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.
БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Комерцијална Банка која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некоја вила или хотел во коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.
Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Linkedin, Instagram)
Туристичка агенција Хаванатравел им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи. Ако сте најавени на Социјална мрежа, кога ќе кликнете на “Поврзи се” (Connect with Facebook) ве поврзуваме со нашата FB страница.
ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ
Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.Havana travel.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
ТЕРМИНОЛОГИЈА
Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат и продаваат кај нас односно туристички агенции, тур оператори.
Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.
Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.
Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код.
РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот. Меѓутоа дел од личните податоци се чуваат и после завршената резервација и патување, заради тоа што можете да патувате пак со нас, а да не ги внесувате повторно податоците.
ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права
ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.