Вила Марија – Лептокарија

1/3 студио

160 м од плажа

20 % попуст на вонсезонски и 25 % попуст на сезонски цени

за резервации заклучно со 07.02.2026 (сабота) за 50 % уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 07.03.2026 (сабота)

 

Лептокарија се наоѓа во јужниот дел на регионот Пиерија, сместена помеѓу планината Олимп и Егејското море на исток што и дава посебна природна убавина. Јужно одалечена од Скопје на 295 км, од Солун на 97 км и од Катерини на 29 км. Лептокарија располага со долга песочно-камчеста плажа со кристално чиста вода, која редовно ја добива престижната награда „Сино знаме“ за квалитет и чистота. Местото е погодно и за семејства и за млади, со богат избор на таверни, кафулиња, барови, продавници и маркети (вклучувајќи го „Lidl“ и “Masoutis”), како и активен ноќен живот во летната сезона. Поради близината на Олимп, Лептокарија е идеална почетна точка за планинарење и излети во природа, но и за културни и историски посети. Посебна атракција е и големиот отворен пазар, кој се одржува секој вторник, каде може да се најдат свежо овошје и зеленчук, облека, локални производи и сувенири.

Куќа “Maria – се наоѓа веднаш под главниот пат и пругата во центар на Лептокарија, на 160 м од плажа. Во близина на куќата има огромен број продавнички, пекари, ресторани, таверни, а веднаш спроти неа се наоѓа маркетот Масутис. Располагаме со две трокреветни студиа на втор кат опремени со мали кујни, тоалет и пространи тераси. Сите располагаат со клима уред, интернет и ТВ. Во истите постои можност да се додаде дополнително легло по потреба. Користење на клима уредот и интеренет се вклучени во цена. Во самата куќа има просторија за оставање куфери која е достапна на гостите за користење како и паркинг во околина.

1/3 студио бр. 102 – втор кат. Студиото располага со три единечни стандардни кревети. Опремена мини кујна со решо, мал фрижидер како и клима уред, ТВ и Wi-Fi.  Студиото има сопствен тоалет со туш и тераса опремена со маса и столови која е со страничен поглед море.

1/3 студио бр. 103 – втор кат. Студиото располага со три единечни стандардни кревети. Опремена мала кујна со решо и мал фрижидер како и клима уред, ТВ и Wi-Fi.  Студиото има сопствен тоалет со туш и тераса опремена со маса и столови која е со страничен поглед море.

 

1. Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1/3 студио
30/05-06/06 7 119
06/06-13/06 7 149
13/06-20/06 7 169
20/06-27/06 7 189
27/06-04/07 7 209

* цена по лице со вклучен превоз ( задолжително плаќаат 2 лица )

 

2. Сезонски цени

Термин Ноќевања 1/3 студио
04/0711/07 7 429
11/0718/07 7 459
18/0725/07 7 459
25/07-01/08 7 489
01/0808/08 7 489
08/08-15/08 7 489
15/0822/08 7 459
22/08-29/08 7 459

* цена за наем на апартман или студио за 7 ноќевања

 

3. Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1/3 студио
29/08-05/09 7 199
05/09-12/09 7 179
12/09-19/09 7 129
19/09-26/09 7 109

* цена по лице со вклучен превоз ( задолжително плаќаат 2 лица )

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE CREDIT

 

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
  • Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
  • Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
  • Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Превоз:

  • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж Агенцијата не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

 

Место на поаѓање:

  • Скопје – хотел ‘Russia’
  • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
  • Велес – БП Макоил
  • Неготино – БП Макпетрол Неготино
  • ГП Богородица

 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација