HOTEL ZEPTER **** ВРЊАЧКА БАЊА
На местото на некогашниот стар хотел Звезда, на централниот дел на шеталиштето и со површина од дури 11.445 м2, денес се наоѓа прекрасниот хотел Цептер, еден од најголемите и највпечатливите хотели во Врњачка Бања. Хотелот е уникатен спој на стара и нова градба. Хотелот Цептер располага со 96 лукс соби, 18 делукс соби и 4 делукс апартмани. На своите гости им нуди најразлични капацитети: два ресторани (ресторан Zepter SmartLife и Crystal Hall), Zepresso Aperitif бар, Летна тераса со поглед на шеталиштето во рамките на ресторанот Zepter SmartLife, кардио-интерна медицина и стоматолошка ординација, Zepter Garden Block, отворен простор каде гостите можат да уживаат во разновиден асортиман на храна и пијалоци.
Од спортските објекти најатрактивен е затворениот базен (комплетно реновиран) со термоминерална вода. Гостите имаат на располагање џакузи и сопствена градина со аперитив бар, отворен во лето, како и сосема нова и модерна теретана и сауна.
Хотелот Цептер е познат по конгресните капацитети – Сала за конференции Цептер и Сала за состаноци Цептер, со капацитет до 1.400 седишта, со можност за работа во пленарна и во секции во дури пет помали сали.
Цените се динамични и истите зависат од сместувањето, бројот на ноќевања и период на престој! За проверка на моментална цена – информации во агенција!
Цената вклучува:
- Појадок (се сервира на шведска маса)
- Wi-Fi интернет
- Користење на содржините на СПА и Велнес центарот (внатрешен базен со термална и минерална вода, сауна, џакузи, теретана) 3 часа дневно
- Пријавување од 14 часот, одјавување до 11 часот
- Туристичка такса и осигурување во износ од 1.5 € по лице/по ноќ
- Вечера ( се сервира на шведска маса ) 19 € по лице за возрасен 10 € за деца до 12 год
Специјални попусти за деца до 12 години
- Едно дете до 7 години со две возрасни лица престојува бесплатно
- Едно дете до 7 години со две возрасни лица престојува бесплатно, додека второто дете до 12 години остварува попуст од 50%
- Едно дете од 7 до 12 години со едно возрасно лице остварува попуст од 30%
- Две деца од 7 до 12 години со едно или две возрасни лица, и двете деца остваруваат попуст од 50%
Начин на плаќање
- Задолжителна авансна уплата од 40% при резервација на аранжманот, а остатокот до 10 дена пред датумот на пристигнување
- Такса за престој и осигурување се дополнителен трошок во износ од 1,5 евра по лице/по ноќ
- 10% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 45 до 35 дена пред терминот
- 20% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 34 до 28 дена пред терминот
- 40% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 27 до 20 дена пред терминот
- 80% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 20 до 15 дена пред терминот
- 90% од износот на аранжманот ако резервацијата се откаже од 15 до 10 дена пред терминот
- 100% ако се откаже од 10 до 0 дена пред терминот или за време на престојот во хотелот