Барселона
Доколку барате идеална дестинација за есенско бегство, Барселона во октомври е вистинскиот избор. Со пријатни температури, сончеви денови и значително помалку гужви отколку во летната сезона, овој медитерански град нуди совршен баланс помеѓу релаксација, култура и забава.
Прошетајте низ живописниот Готски кварт, восхитувајте се на уникатната архитектура на Гауди, посетете ја величествената Саграда Фамилија и уживајте во прошетка по Ла Рамбла. Октомври е идеален и за уживање во локалната гастрономија, шопинг и кафе на сонце покрај морето, без летните горештини.
Без разлика дали патувате со партнерот, семејството или пријателите, Барселона ќе ве освои со својата енергија, богата историја и медитерански шарм. Искористете ја можноста за незаборавен city break и доживејте го градот во неговото најпријатно есенско издание.
10.10.2026
– Поаѓање од Скопје и пристигнување на аеродромот.
– Лет Скопје – Барселона 18:00 – 20:50 По пристигнувањето во Барселона, организиран трансфер до хотелот. Сместување во хотел и слободно време за кратка вечерна прошетка во околината на хотелот или индивидуални активности. Ноќевање
11.10.2026
– Појадок. Следува организиран панорамски разглед на Барселона (комбинација од автобус и пешачка тура) со локален водич. Во текот на разгледот ќе ги посетиме:
*Саграда Фамилија – ремек-делото на Антони Гауди
*Passeig de Gràcia, каде се наоѓаат познатите куќи Casa Batlló и Casa Milà (La Pedrera).
*Plaça de Catalunya – централниот плоштад на Барселона.
*La Rambla – најпознатата улица и шеталиште во градот.
*Катедралата на Барселона.
*Montjuïc, со прекрасни панорамски погледи кон градот и Медитеранот.
По завршувањето на разгледот, можност за факултативна посета на Аквариумот во Барселона, еден од најголемите и највпечатливите аквариуми во Европа, особено интересен за семејства со деца. Во вечерните часови препорачуваме уживање во традиционални шпански тапаси, како и посета на некој од атрактивните rooftop барови со прекрасен поглед кон градот. За љубителите на шпанската култура, постои можност за организирана посета на автентично Фламенко шоу. Ноќевање.
12.10.2026
– Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативна пешачка тура.
– Турата започнува во Готскиот кварт (Gòtic Quarter) – најстариот и најавтентичен дел од Барселона, каде зад секоја тесна средновековна улица се крие дел од повеќе од 2.000 години историја. Ова е Барселона каква што ја доживуваат локалците – исполнета со мали плоштади, скриени премини, улични музичари и фасцинантни приказни.
Во текот на прошетката ќе ја посетиме Базиликата Santa Maria del Mar, позната и како „Катедралата на морето“ или „катедралата на сиромашните“, изградена од обичните жители и морнарите на Барселона. Нејзината приказна го инспирираше шпанскиот писател Илдефонсо Фалконес (Ildefonso Falcones) да го напише светски познатиот роман „Катедралата на морето“ (La Catedral del Mar).
Продолжуваме покрај вечниот пламен, споменик посветен на жртвите од Шпанската граѓанска војна, а потоа пристигнуваме до Кралскиот плоштад (Plaça del Rei) – местото каде, според историските записи, католичките монарси кралицата Изабела I и кралот Фердинанд II го пречекале Кристофер Колумбо по неговото прво враќање од Америка во 1493 година.
Пешачката тура продолжува кон еден од најубавите плоштади во Барселона – Plaça Reial, препознатлив по своите палми, елегантни аркади и светилките дизајнирани од младиот Антони Гауди.
За крај ја посетуваме прочуената Mercat de la Boqueria, најпознатиот пазар во Барселона, каде ќе имате можност да ги почувствувате боите, мирисите и вкусовите на каталонската гастрономија.
Потоа продолжуваме кон Park Güell, едно од најпознатите ремек-дела на Антони Гауди, препознатливо по својата уникатна архитектура, шарените мозаици и спектакуларните панорамски погледи кон Барселона.
Остатокот од денот е предвиден за слободно време, шопинг или уживање во локалната гастрономија, со препорака да посетите некој од традиционалните тапас барови и да ја почувствувате вистинската медитеранска атмосфера на градот. Ноќевање.
13.10.2026
– Појадок и одјавување од хотелот. Можност за факултативна пешачка тура низ дел од најпознатите знаменитости на Барселона:
– Camp Nou Experience (надворешен разглед на стадионот и посета на официјалната Fan Shop продавница).
– Триумфалната порта (Arc de Triomf).
– Парк Циутадела (Parc de la Ciutadella) – најубавиот градски парк во Барселона
– Плажата La Barceloneta, каде ќе имате можност за кратка прошетка и кафе покрај Медитеранот.
– Во договорениот термин следува организиран трансфер до аеродромот.
– Лет Барселона – Скопје 21:40 – 00:25
Датум:
10.10-13.10.2026
Цена: 439€ по лице
80€ за деца до 02 години
Во цената е вклучено:
Авионски билет на релација Скопје – Барселона – Скопје
Аеродромска такса
3 ноќевања со појадок во одличниот хотел Arya 3*
Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса за хотелското сместување (се плаќа на рецепција)
Факултативни излети
Патничко осигурување
Локален транспорт: метро или автобуски билети
Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35€
Доживејте ја Барселона од сосема поинаква перспектива на целодневен панорамски разглед со автобус и пешачка тура низ најпознатите знаменитости на градот.
Поаѓање во утринските часови од хотелот.
Нашата авантура започнува со искачување на ридот Монжуик (Montjuïc), кој се издига 213 метри над градот и нуди еден од најубавите панорамски погледи кон Барселона, Медитеранот и градското пристаниште. Според легендата, токму од овој рид Дон Кихот ги набљудувал поморските битки.
Продолжуваме покрај Олимпискиот стадион, изграден за Олимписките игри во 1992 година
Следува посета на Poble Espanyol (Шпанското село) – уникатен музеј на отворено, каде преку 117 автентични градби од сите 17 шпански автономни покраини ја претставуваат богатата архитектура, култура и традиција на Шпанија.
Продолжуваме кон Магичните фонтани, Plaça d’Espanya, Plaça de Catalunya и престижната авенија Passeig de Gràcia, каде се наоѓаат двете светски познати ремек-дела на Антони Гауди – Casa Batlló и Casa Milà (La Pedrera).
Круна на панорамската тура е Саграда Фамилија – најпознатото архитектонско дело на Гауди и еден од најпрепознатливите симболи на Барселона, чија изградба трае повеќе од 140 години.
Потоа се упатуваме кон Port Vell – старата марина и модерното пристаниште на Барселона, каде ќе имате можност за факултативна посета на Barcelona Aquarium, еден од најголемите аквариуми во Европа.
За крај, ќе прошетаме по легендарната La Rambla, ќе ве однесеме во автентичен шпански ресторан каде ќе можете да уживате во традиционални тапаси, а денот ќе го завршиме со пијалак во еден од најатрактивните панорамски барови во градот – 360º Rooftop Bar, од каде Барселона изгледа навистина спектакуларно.
Аквариум Барселона – 35€, деца од 2-10 плаќаат 30€
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Готска Четврт – 35€, деца од 2-12 години – 20€
Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства. Во оваа четврт се наоѓаат некои од најважните знаменитости на Барселона, како што се Готската катедрала (La Catedral de Barcelona), Плоштадот Рејал (Plaça Reial), како и остатоци од римскиот град Барсино. Готската четврт денес е жив културен центар, исполнет со кафулиња, музеи, галерии и улични уметници, кои и даваат уникатна атмосфера.
Посета на Парк Гуел: 23€
Откријте го магичниот свет на Антони Гауди со прошетка низ еден од највпечатливите паркови во Барселона – Парк Гуел.
Уживајте во уникатната архитектура, шарените мозаици, панорамските погледи кон градот и волшебната атмосфера што го прави овој парк едно од најпознатите ремек-дела на модернизмот.
Пешачка тура низ Барселона – 15 €
Camp Nou – Arc de Triomf – Parc de la Ciutadella – La Barceloneta