Барселона
Уживај во Божиќниот празничен сјај!
05.12.2026 – 08.12.2026
Барселона претставува скапоцен камен на Медитеранот – живописен град што зрачи со уметност, култура и космополитска енергија. Во декември, таа добива посебна празнична атмосфера, станувајќи уникатна дестинација за оние што сакаат да ги поминат зимските денови во топла, но и возбудлива средина. Градот пулсира со живот и во зимскиот период – улиците се украсени со светилки и новогодишни декорации, а плоштадите и малите улички се претвораат во шармантни божиќни пазари. Топлото медитеранско сонце и пријатните температури – кои ретко паѓаат под 15°C – создаваат идеални услови за прошетки, разгледување и релаксација на отворено. Барселона е дестинација која нуди уникатни искуства во секој период од годината, но во декември, нејзината магија се чувствува на секој чекор. Од историјата што ја носат готските улици и модернистичките ремек-дела на Гауди, до празничната атмосфера во квартови како Ел Борн, Грасиа и Еиксампле – сето тоа ја прави Барселона совршено место за доживување на празниците на еден поинаков начин. Саграда Фамилија, Парк Гуел, Каса Батљо и Ла Педрера се само дел од културното богатство што го нуди градот. Паралелно, со прошетка по Ла Рамбла или по брегот на Барселонета, ќе ја почувствувате леснотијата на животот што го прави овој град толку посебен. За љубителите на гастрономијата, декември во Барселона нуди совршен повод да се запознаете со локалните вкусови – од традиционални каталонски јадења и тапаси, до празнични специјалитети како „turrón“ и „roscón de reyes“, кои се дел од локалната култура и прослава.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 399€/ 24.738 мкд по лице 80€ / 4.960 мкд за деца до 02 години
05.12.2026
– Полетување од Скопје за Барселона во 17:20 часот.
– Пристигнување на аеродромот Ел Прат (Barcelona – El Prat) во 20:10 часот.
– Организиран трансфер од аеродромот до хотелот.
– Пристигнување и сместување во хотел.
– По сместувањето, опционално вечерно дружење со прошетка до некој од Christmas market и уживање во пијалок – топло вино на базарот, за вистинска празнична атмосфера.
– Ноќевање.
06.12.2026
– Појадок во хотел.
– Панорамска прошетка низ Барселона (околу 4 часа) со локален водич, која вклучува:
Саграда Фамилија
Катедралата на Барселона
Плоштад Каталуња
Плоштадот Ла Рамбла
Шпанско Село (Poble Espanyol) – уникатен музеј на отворено, кој опфаќа 49.000 м² со автентична архитектура од различни региони на Шпанија.
Монжуик (Montjuïc) со панорамски погледи
– По панорамската прошетка, факултативна посета на Аквариум Барселона – еден од најголемите аквариуми во Европа, особено интересен за семејства со деца.
– По Аквариумот, препорачуваме слободна прошетка до еден од најпознатите барселонски Christmas market-и: Fira de Santa Llúcia, лоциран пред Катедралата во Готската четврт. Таму ќе уживате во празнична атмосфера, традиционални производи и украси.
– По препорака на водичот, имате опција да пробате традиционални тапаси во некој од локалните барови или ресторани, со цел да ја почувствувате вистинската атмосфера и вкусови на Барселона и слободно време за индивидуални активности, прошетки и шопинг.
– Опционално, вечерта може да ја заокружите со топло вино или пијачка на некое од пазарите, создавајќи вистинска празнична магија или Фламенго шоу.
– Ноќевање.
07.12.2026
– Појадок во хотел.
– Слободно време за индивидуални активности или факултативни посети:
– Камп Ноу – надворешна посета на најголемиот стадион во Европа и фан продавницата на ФК Барселона.
– Готска четврт (El Gòtic) во Барселона е еден од најстарите и најфасцинантни делови на градот. Сместена во срцето на Стариот град (Ciutat Vella), таа претставува лавиринт од тесни, средновековни улици, полни со историја, уметност и архитектонски богатства.
– Парк Гуел – едно од ремек-делата на Антони Гауди, познат по својата шарена мозаична керамика и фантастична архитектура.
– Во слободното време, препорачуваме посета на Fira de Nadal del Port Vell, пазарче сместено покрај пристаништето, каде што ќе уживате во празнична атмосфера, шопинг и можност за релаксација покрај морето.
– По препорака на водичот, има опција за уште едно доживување на тапаси, во некој од препознатливите локални ресторани или барови, каде ќе може да пробате разновидни вкусови и специјалитети.
– Слободна вечер за инвидуални активности или посета на Магичните фонтани.
– Ноќевање.
08.12.2026
– Појадок во хотел и одјава.
– Можност за факултативна посета: Музеј Дали + Герона
– Парк Тибидабо – забавен парк и панорамска платформа со поглед кон целата Барселона.
– Парк Циутадела – идеално место за релаксација и прошетки.
– Плажата Ла Барселонета – едно од најпознатите места за одмор и уживање покрај море.
– Опционална инвидуална посета пред трансферот, препорачуваме уште една кратка посета на некое од Christmas market-ите, идеална можност за купување подароци и збогување со празничната атмосфера на Барселона или слободно време до трансфер.
– Организиран трансфер до аеродром.
– Пристигнување на аеродромот, чекирање и подготовка за лет.
– Полетување за Скопје во 20:55 часот.
– Пристигнување во Скопје во 23:40 часот.
*Туристичката агенција го задржува правото на можни измени во програмата.
Факултативни излети:
Барселона Панорамика- 65€, деца до 12 години: 35€ Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди
Готска Четврт – 30€, деца од 2-12 години – 20€
Аквариум Барселона – 35€, деца од 2-10 плаќаат 30€
Посета на Парк Гуел: 23€
Парадокс музеј: 20€
Целодневна авантура во Порт Авентура: 50€
Чоколаден музеј: 9€
Барселона Зоолошка: 23€
Во цената е вклучено:
Повратен авионски лет од Скопје
Аеродромска такса
3 ноќевања со појадок во Arya 3*
Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса 5,50 евра по лице / ден
Факултативни излети
Патничко осигурување
Локален транспорт: метро или автобуски билети