[vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”center\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\” z_index=\”\”][vc_column][vc_column_text css=\”.vc_custom_1580869745393{padding-bottom: 50px !important;}\”]
ШТО Е FIRST, А ШТО LAST MINUTE?
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”left\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\”][vc_column width=\”1/2\”][vc_single_image image=\”580\” img_size=\”635×635\” qode_css_animation=\”\”][/vc_column][vc_column width=\”1/2\”][vc_column_text]First minute (рана резервација) и last minute (резервација во последен момент) се поими што често ги користат туристичките агенции во понуда на своите аранжмани. Двете понуди иницираат пониска цена на туристичкиот аранжман, а тоа намалување најчесто е од пет до 30%.
Доколку порано го резервирате својот летен или зимски одмор, тоа значи дека го резервирате во first minute. Оваа понуда најчесто се креира во овој момент за следната сезона, во случај на рана резервација на хотел, апартман или друг вид на сместување. Најчесто сите аранжмани што ги нудат агенциите не се вклучуваат во first minute понудата. На пример, една хотелска соба за двајца за зимување се нуди на почетокот на летниот период по цена што е околу 20 до 30% пониска од онаа што важи кога е во ек сезоната.
Last minute, пак, е понуда што туристичките агенции ја користат за да ги пополнат “дупките“ во календарот на слободни соби или апартмани во текот на сезоната. Се нуди цена со попуст за оние кои ќе одберат точно утврден термин со многу краток период на резервација. Оваа понуда се користи и да се продадат преостанати термини вон сезона, на пример кога се работи за летен аранжман – за септември или октомври.
Last minute е повеќе популарен меѓу помладите туристи, бидејќи тие сè почесто букираат во последен момент, пребарувајќи токму такви аранжмани.
Една од основните разлики меѓу рана и резервација во последен момент е тоа што кај last minute гостите го резервираат она што е останато, додека кај first minute имаат поголема можност за избор.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”center\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\” z_index=\”\”][vc_column][vc_column_text css=\”.vc_custom_1580869767308{padding-top: 100px !important;padding-bottom: 50px !important;}\”]
ШТО Е ЧАРТЕР ЛЕТ?
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”left\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\”][vc_column width=\”1/2\”][vc_column_text]Чартер претставува вид на договор што авиокомпаниите го склучуваат со клиенти за изнајмување на своите авиони. Најчесто ги користат туристички агенции, спортски екипи, ансамбли, луѓе од деловниот свет кои учествуваат на различни семинари, конгреси, саеми…
Чартер летовите најчесто нудат евтини авио билети, коишто може да се добијат при уплата на туристички аранжман што во својата понуда вклучува и авио превоз до саканата дестинација.
Освен преку туристички аранжмани, чартер лет може да се резервира преку чартер авиокомпанија. Тоа се авиопревозници што го изнајмуваат целиот авион, а за разлика од класичните авиокомпании, тие продаваат авио билети за едно седиште.
Една од најзначајните карактеристики на чартер авиокомпаниите е тоа што се прилично флексибилни кога станува збор за времето. Кај редовните авиопревозници има редовни линии што имаат однапред дефиниран датум и време на летање, додека чартер летовите се извршуваат ad hoc, по потреба. Тие најчесто немаат фиксен ред на летање.
Чартер летовите се поевтини од редовните линии, па голем број туристи и патници ги одбираат токму нив. Чартер авио билетите се поевтини, бидејќи компанијата има загарантирана пополнетост на сите места. Пополнетите места влијаат на цената за да биде поповолна во однос на редовните линии.
Еден од недостатоците што ги имаат чартер летовите е тоа што билетите се продаваат непосредно пред самиот лет, кога има уште неколку слободни места, па е мала шансата за купување билет.[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=\”1/2\”][vc_single_image image=\”583\” img_size=\”635×635\” alignment=\”right\” qode_css_animation=\”\”][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”center\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\” z_index=\”\”][vc_column][vc_column_text css=\”.vc_custom_1580869789400{padding-top: 100px !important;padding-bottom: 50px !important;}\”]
КАКО БЕЗБЕДНО ДА КОРИСТИТЕ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА?
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”left\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\”][vc_column width=\”1/2\”][vc_single_image image=\”589\” img_size=\”635×635\” qode_css_animation=\”\”][/vc_column][vc_column width=\”1/2\”][vc_column_text]Доколку сте на летен одмор, можеби си го поставувате прашањето дали при плаќањата може да користите готовина или платежна картичка. Секако, полесно и побезбедно е да користите картичка за плаќање, наместо со себе да носите готовина, но сепак треба да бидете внимателни.
Пред да заминете на одмор, информирајте се во банката од којашто имате картичка, дали се нудат одредени поволности за плаќање со картичка во странство. Дебитните картички овозможуваат плаќање и подигнување готовина до висина на средствата што корисникот ги има на сметка, а одредени банки дозволуваат и користење на дозволен минус при престој во странство.
Висината на провизија при користење на банкомат во странство се разликува во зависност од видот на картичката, износот што се подигнува, како и ценовната политика на банката. Доколку не можете да платите директно со картичката во продажниот објект и мора да извадите пари од банкомат, тогаш користете дебитна картичка бидејќи провизиите најчесто се пониски во однос на оние за кредитните картички.
Провизијата за подигнување пари од банкомат во странство е во утврден износ што не е поврзан со износот на пари што се подигнуваат, па во пракса се случува провизијата да биде повисока од износот што се подигнува од банкоматот.
Доколку се земе предвид провизијата за користење платни картички, поповолно е да се користи картичка во продажниот објект, односно плаќање преку POS терминал. При директно плаќање со дебитна картичка најчесто не се наплаќа провизија, но во случај кога постои, таа е значително пониска од провизијата за користење банкомат. Пред самото плаќање, корисникот треба да провери дали во тоа продажно место има тип од картичката што ја поседува. Тоа најчесто може да се утврди преку налепници поставени на продажниот објект.
Доколку поседувате платежна картичка што гласи на денарска сметка, мора да ги земете предвид трошоците за конверзија на валути, чија висина е различна кај секоја банка. Нема да се појават трошоци за конверзија доколку корисникот поседува девизна сметка на истата платежна картичка.
Доколку платежната картичка е поврзана само со денарска сметка, банката, по извршената конверзија, автоматски ќе ги резервира средствата на корисникот во соодветната денарска противвредност. Но, ако се направи резервирање на средствата, тоа не значи дека банката го наплатила износот, туку само дека корисникот нема можност да располага со тие пари.
Доколку трансакцијата се врши во момент кога платниот промет не функционира (навечер или во текот на викендот), банката го прави задолжувањето за износ во денарска противвредност по курс што е важечки за тој ден. Со други зборови, доколку во меѓувреме има промена на девизниот пазар, односно до пад на вредноста на денарот, средствата што ќе бидат симнати од сметката на корисникот ќе бидат повисоки од оние што претходно беа резервирани.
Во случај корисникот да ја изгуби својата картичка во странство, важат истите правила како тоа да се случило во својата земја, односно веднаш да се извести банката што ја издала сега веќе изгубената картичка за да може да се блокира и да не се дозволи нејзина злоупотреба.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”center\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\” z_index=\”\”][vc_column][vc_column_text css=\”.vc_custom_1580869931979{padding-top: 100px !important;padding-bottom: 50px !important;}\”]
КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ ЗА ЛЕТЕН ОДМОР?
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”left\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\”][vc_column width=\”1/2\”][vc_column_text]Иако до почетокот на летната сезона нè делат уште два месеца, сепак добро е навреме да се подготвиме за одморот од соништата. Иако голем е бројот на луѓе кои се соочуваат со финансиски потешкотии, сепак со душа го чекаат годишниот одмор за да заминат некаде покрај вода или на планина, поблизу или надвор од границите… за да си дадат мала оддишка, да се посветат на себе, семејството и пријателите и на крајот да соберат доволно енергија за предизвиците што ги очекуваат кога ќе се вратат на работа.
Бидете личен “министер за финансии“ – водењето на семејниот буџет, грижата за финансиите што влегуваат и излегуваат од домот претставуваат сериозна обврска и носат голема одговорност. Доколку сите приходи во семејството “легнуваат“ на едно место, полесно ќе ги распоредувате за сите неопходни трошоци во текот на месецот. Па така, штедењето за летниот одмор нека ви биде навика уште од почетокот на годината, а не еден до два месеца пред да заминете на одмор. Бидете сам свој “министер за финансии“, избуџетирајте дел од семејните приходи, па секој месец одвојувајте одредена сума. Тој износ штом се акумулира, ќе биде како добредојден кога треба да го платите сместувањето и сите останати трошоци за летниот одмор.
Користете early booking – “раната“ резервација може да ви биде од голема корист и да имате доволно пари за да си го дозволите одморот од соништата. Разгледувајте ги понудите на туристичките агенции неколку месеци порано, па доколку знаете кој период ќе одите на одмор, резервирајте го омилениот хотел. Преку early booking може да се направи зделка за одмор по цена пониска за 10, 20,30, па дури и 50%. Но, бидете претпазливи и добро проверете ги условите што се нудат.
Поголемите трошоци поместете ги за на пролет или на есен – планирате да купите нов автомобил, сакате да го реновирате домот, имате деца кои се запишуваат на студии… без разлика во кој период од животот се наоѓате, секогаш се појавуваат поголеми трошоци, некои од нив планирани, некои не. Кога зборуваме за оние планираните, обидете се да ги поместите пред да заминете или откако ќе се вратите од одмор.
Одморот нека ви биде задоволство, а не извор на дополнителни главоболки – немате доволно пари за одмор, не посегнувајте веднаш по заштедените пари за нешто поважно или веднаш да отидете во банка по кредит. Размислете како паметно да ги менаџирате финансиите, за да не ви предизвика одморот само главоболка и дополнителен товар за семејниот буџет.[/vc_column_text][/vc_column][vc_column width=\”1/2\”][vc_single_image image=\”111\” img_size=\”635×635\” qode_css_animation=\”\”][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”center\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\” z_index=\”\”][vc_column][vc_column_text css=\”.vc_custom_1580870006898{padding-top: 100px !important;padding-bottom: 50px !important;}\”]
КАКО ДА КУПИТЕ ЕВТИН АВИОНСКИ БИЛЕТ?
[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”left\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\”][vc_column width=\”1/2\”][vc_single_image image=\”603\” img_size=\”635×635\” alignment=\”right\” qode_css_animation=\”\”][/vc_column][vc_column width=\”1/2\”][vc_column_text]Можеби имате страв од висина или не сакате да летате, но ако дестинацијата до која треба да стигнете е подалечна, во тој случај авионскиот пат ќе биде најсоодветен. Факт е дека авио сообраќајот е еден од најбезбедните начини да се стигне до посакуваната дестинација. Дополнително, овие совети може да ви бидат од корист кога купувате авио билет.
Кога е најдобро да се купи авио билет
Нема да заштедите доколку купите билет неколку месеци претходно. Се смета дека оптималниот период е два месеци, а некои од авио компаниите откриваат дека авио билетите се најевтини седум до осум недели пред лет. Ако станува збор за подолго патување, се препорачува купувањето на билетот да биде околу 10 недели пред датумот на летот. Како денови за кои се препорачува да се купи билетот се понеделник, вторник и четврток.
Не чекајте долго за да го купите билетот што ви одговара
Одредени интернет страници, како пребарувачи, така и авио компании, ги меморираат пребарувањата најчесто преку IP адреса. Па, доколку повеќе пати се врши пребарување на ист авио билет, тие добиваат знак дека тој што пребарува е заинтересиран да го купи билетот и ја подигнуваат цена. Станува збор за психолошка игра за да се помисли дека наскоро нема да има билети или дека значајно ќе поскапат. За да се избегне таква ситуација, постојат три опции: веднаш да се купи билетот, да се промени интернет страницата или компјутерот или да се постави private на пребарувањето.
Не патувајте за време на празници
Вообичаено, сите кои живеат во странство ги користат празничните денови да се вратат во родниот крај. Исто така, повеќе луѓе се слободни во тој период, па решаваат да патуваат и се создава поголем метеж, а со тоа и повисоки цени. Освен празниците, и летниот период е динамичен и многумина патуваат до некоја туристичка дестинација со авион. Затоа, како опција може да биде купување авио билет преку туристичка агенција и преку таканаречен early booking (рана резервација).[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”center\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\” z_index=\”\”][vc_column][vc_single_image image=\”737\” img_size=\”full\” alignment=\”center\” onclick=\”custom_link\” qode_css_animation=\”\” link=\”http://havanatravel.mk\”][/vc_column][/vc_row]