САРАЕВО И МОСТАР
ТЕРМИН: 05.12.2026 – 07.12.2026
Дали знаете дека Сараево е во топ 5 градови во светот за посета во 2025?
Мешавина од култури и религии, спој од минатото и сегашност е тоа што го прави Сараево посебен.На оваа програма ќе ги видите најбитните места што треба да се посетат во Босна и Херцеговина, во продолжение програмата…
РЕДОВНА ЦЕНА: 139 € / 8.620 мкд
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15.11: 109 € / 6.760 мкд
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз (Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово)
– 2 ноќевања со појадок во Хотел со 3* во Сараево
– Разглед на Сараево со водич;
– Посета на Андриќград и Вишеград
– Туристички придружник за време на целото патување
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Пакет Неретва (Бункерот на Тито, Коњиц, Јабланица и Мостар ) – 70 евра , *влезницата за Букнерот на Тито се доплаќа на лице место-21евро. (се плаќа во автобус)
– Посета на Босански пирамиди- 25 евра (се плаќа во автобус)
– Tуристичка такса- 5 евра за 2 ноќевања по лице (се плаќа во автобус)
– Крстарење по Дрина- 10 евра од лице
– Доплата за еднокреветна соба 50 евра за двете ноќев
ПРВ ДЕН – 04.12.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – САРАЕВО
Состанок на групата во 21:30час. пред хотел Русија. Поаѓање за сараево во 22:00час. Ноќно возење преку Србија.
ВТОР ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) САРАЕВО
Пристигнување во Сараево каде следува разглед на градот со локален водич.
Сараево е поделен на 3 дела, Отомански дел каде се наоѓа Башчаршија, Австро-Унгарски дел каде се спојуваат културите и доминираат австро-унгартските градби и Југословенски дел.Кога ќе шетате ќе се почувствувате како да влегувате од град во град.
Разгледот ни започнува кај Vjecnica, најрепрезентативната зграда во Сараево која се наоѓа покрај реката ,,Miljacka’’. Продолжуваме кон Башчаршија, симболот на градот каде ќе имате можност да ги вкусите Сараевските ,,Cevapi kaj Zeljo’’ и Сараевскиот бурек. Ќе ја видите Џамијата Гази Хусреб Бег или позната како Беговата Џамија која е прва џамија во светот во која се изработени електрични инсталации како и внатрешно електрично осветлување. Сместена во срцето на Башчаршија, Беговата џамија е мета на многубројните туристи од цел свет. Оваа џамија заедно со саат-кулата е застапена во многу филмови, пред сè во филмови од документарен карактер а најпознатиот филм е Валтер го брани Сараево, ќе дојдете до точката каде се спојуваат културите на истокот и западот, местото каде е формирана EX YU групата INDEXI ќе го видите хотел Eвропа кој е најстариот хотел во Сараево каде престојувал Тито и ,,Vjecna Vatra’’. Вечниот оган е споменик на воените и цивилните жртви од Втората светска војна во Сараево. Споменикот е изграден на 6 април 1946 година, на првата годишнина од ослободувањето на Сараево од германската окупација. За време на опсадата на Сараево пламенот на споменикот бил изгаснат бидејќи во градот немало гориво. На крај на разгледот ќе го видите местото каде е убиен Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип на 28 јуни 1914 година и со ова убиство започнува почетокот на Првата Светска војна и Латински мост кoј е еден од најстарите мостови во главниот град. По разгледот следува слободно време за индивидуален разглед. Препорачуваме да ја посетите најстарата пивница во градот ,,PIVNICA HS’’ која е од 1864 година. Сместување во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) БУНКЕРОТ НА ТИТО, КОЊИЦ, ЈАБЛАНИЦА (БИТКА НА НЕРЕТВА) ИЗВОРОТ И МОСТАР
Појадок во хотел.
Бидете спремни за еден долг и прекрасен ден 😊
Денот ни започнува со посета на Бункерот на Тито.
Бункерот, со површина од 6.500 метри квадратни, се состои од над 100 мали простории, канцеларии, конференциски сали, опремени со едноставен мебел и задолжителен портрет на Тито. Јосип Броз Тито започнал со изградба на овој бункер во раните 50-ти години во близина на Босанскиот град Коњиц. Неговата цел била да ја прими владеачката класа во случај на нуклеарен напад. Објектот е наречен Д-О „АРЦ“. Изграден е под превезот на тајност од 1953 до 1979 година за време на Студената војна. Завршен е една година пред смртта на Тито. Бункерот со длабочина од 270 метри е опремен со најмодерна технологија од минатиот век. Машина за пишување, фиксни и други средства за комуникација.По разгледот на Бункерот на Тито следува кафе-пауза во Коњиц. Град на мостови и природа, каде Неретва ги спојува традицијата, авантурата и убавината на Херцеговина. Крива чуприја, со својата едноставна но величествена убавина, гордо стои како симбол на трајност и мајсторство.Секој чекор низ Коњиц носи мирис на дрво, звук на вода и топлина на луѓе кои ја чуваат својата душа во каменот и мостовите. По посетата на Коњиц,
групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била битката на Неретва.
Битката на реката Неретва била една од најепските битки за време на Втората светска војна во Југославија. Во доцната 1942 година, германското високо командување било загрижено поради можноста за слетување на Сојузничките сили на Балканот. Затоа, Адолф Хитлер наредил офанзива со цел нарушување на централното командување на партизанското движење во централна БиХ. Пресвртницата на битката се случила кога силите на партизаните го уништиле добро обезбедениот мост над реката Неретва за да го забават напредувањето на германската армија,
Oваа битка е “Bitka