HOTEL BELA JELA **** Луковска Бања
Луковска Бања се наоѓа на југот на Србија, на источните падини на планината Копаоник. Иако е сместена на надморска височина од 681 м, што ја прави највисока бања во Србија, опкружена е со планини и висови повисоки од 1000 метри, што овозможува блага умерена клима. Луковска Бања е позната по изобилството на извори на минерални води, недопрената природа на шумските падини на планината Копаоник и кристално чистиот воздух. Според бројот на извори на минерални води, со различен состав и температура и нивната издашност (над 100 л/с), Луковска Бања спаѓа меѓу најбогатите бањи во Србија.
Според анализата на Институтот за хидрогеологија, како и препораките на Балнеолошкиот институт при Медицинскиот факултет во Белград, поставени се следните индикации за лекување:
- Воспалителен ревматизам
- Дегенеративен ревматизам
- Остеопороза
- Гихт
- Состојби по скршеници на коски и хируршки интервенции на коскено-зглобниот систем
- Гинеколошки заболувања
Цените се динамични и истите зависат од сместувањето, бројот на ноќевања и период на престој! За проверка на моментална цена – информации во агенција!
Наведените цени не се валидни за време на празниците во Србија:
Во цената е вклучено:
- Дневно користење на внатрешни и надворешни базени со термална вода со температура 33-35 °C.
- Дневно користење на Велнес центарот:
- Екскурзија до црквата Св. Мина со придружба на водич.
НАПОМЕНА: Екскурзијата ќе се реализира доколку временските услови го дозволуваат тоа.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Доплата за еднокреветна соба: 14 € дневно.
- До 5 години престојуваат бесплатно,
- Од 5-10 години: 50% од наведените цени,
- 10 и повеќе години: плаќаат полна цена за престој.
Основен BO ден подразбира престој од 2 и повеќе дена
Основен BO ден подразбира:
- Сместување во двокреветни Стандард соби (ТВ, минибар, бањарки, фенови за коса),
- Лекарски прегледи кај дежурни лекари;
- Балнеотерапија: капење во лековита вода (внатрешни џакузи базени, надворешни базени, „вирови“ во Горна Бања – места на природно извирање на термална вода), хидрокинезитерапија (групни вежби во базен со лековита вода);
- Секојдневно користење на Велнес центарот: финска сауна, био сауна, парна бања, солена соба, тепидариум;
- Секојдневно користење на сала за забава и рекреација, теретана и спортски терени;
- Секојдневно користење на детска игротека;
- Анимациска програма со терапевт-рекреатор: групни вежби во фитнес сала и на отворено, прошетки низ околината;
- Исхрана на база на полупансион (појадок и вечера), шведска маса за двата оброка;
- WiFi интернет;
- Туристичка такса.
BO ден екстра подразбира: основен BO ден + четири терапии дневно (се спроведуваат секојдневно, и за време на викенди и празници):
- Хидромасажа во лековита вода (бисерна бања);
- Апликација на лековита кал (до 2 апликации);
- Електротерапија (дијадинамик, интерферентни струи, TENS, солукс ламба, стимулатор за мускули);
- Рачна масажа – сегментна, во траење од 10 минути.