Вила Билис
Вила Билис се наоѓа на одлична локација на само 30 метри од прекрасната песочна плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над fast food-caffe ‘Streat’, спроти caffe bar ‘Theatro’. Вилата располага со апартман и дуплекс апартман. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг веднаш до вилата како и на 15 метри од вилата во правец на плажата.
Апартман број 1 (1/3+1) – прв кат, со директен поглед море од огромна тераса со маса и столови. Апартманот е простран и има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и стандарден кревет во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 2 (1/6) – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна) и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови.