Куќа „Цимбукас“ е лоцирана на извонредно мирна и тивка локација, помеѓу приватни куќи на почетокот на Неа Флогита. Оддаленена е околу 250 метри максимум од песочната плажа.
Има сопствен затворен паркинг, голем убаво уреден зелен двор со ѕидана скара. Располага со 8 идентични мезонети за 4 лица, кои на приземјето имааат два одвоени кревета и комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, а на спратот брачен – француски кревет.
Исклучително квалитетно уредена, во комбинација на модерен и традиционален стил, дрво и камен. Пред секоја од мезонетите има голем трем – тераса. Куќата е една од најквалитетните воопшто во понудата на нашиот пазар која сигурно ќе ги задоволи вкусовите и на најпробирливите патници. Изградена е целосно во лето 2019 година. Интернетот и климата се вклучени во цената