Вила Димитрис

Паралија Пантелеимон припаѓа во јужниот дел на регионот Пиерија во подножјето на планината Олимп и е на 295 километри од Скопје, 36 километри од Катерини, а Платамонас е оддалечен само 5 километри, Ова место е најпознато по неодамнешните археолошки ископувања, при изградбата на железничкиот тунел под замокот, каде што се пронајдени делови од античкиот град Хераклија. Во текот на летната сезона, Паралија Пантелеимон станува многу популарна туристичка дестинација. Туристи од целата земја и странство ја избираат оваа дестинација за одмор. Главната причина е прекрасната песочна плажа со кристално чисто море долга преку 3 километри и која секоја година ја добива наградата сино знаме на ЕУ за чистотата и квалитетот на водата и капацитетите што ги нуди.

Вила Димитрис се наоѓа на само 120 метри од плажата. Располага со убаво уредени трикреветни и четирикреветни студија. Сите студија се опремени со бања, комплетно опремена кујна, ТВ, тераса.  Користење на клима уредотинтернет (wi-fi) и сет пешкири по смена се вклучени во цената. Вилата се наоѓа во мирен дел опкружена со зеленило и со двор од преку 3.000 м2, како и свој сопствен паркинг. Во градината  има опрема за скара која е достапна за гостите, каде што има и трпезарија на отворено, летниковци и бесплатни лежалки во тревата. Вилата е многу години омилена дестинација во изборот на туристите кај нас. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 0,50 евра на ден по АПАРТМАН

BLACK FRIDAY (24.11.2023-27.11.2023)

попуст – 30 % за целосна уплата

1/3 апартмани број 32, 34 и 36 – Втор кат – голема зграда. Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Апартманите имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со туш и сушара. Овие апартмани гледаат кон задниот дел на вилата и имаат помали тераси опремени со маси и столови.

1/3 апартман број  24, 25, 26 и 29 – голема зграда. Располагаат со брачен кревет + 1 стандарден единечен кревет. Апартманите имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Апартман број 24 се наоѓа на приземје и има своја тераса опремена со маси и столови и гледа кон дворот на вилата. Апартманите број 2526 и 29 се на прв кат. Број 29 има своја тераса а 25 и 26 имаат заедничка тераса опремени со маси и столови и гледаат кон влезот на вилата.

1/3 апартмани број 31, 33, 35, 37 и 38 – Втор кат – голема зграда. Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Апартманите имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со туш и сушара. Апартманите 3133 и 35 гледаат кон патот кој води кон градината на вилата и имаат поголеми тераси опремени со маси и столови. Апартманите 37 и 38 гледаат кон влезот на вилата и имаат најголеми тераси опремени со маси и столови.

1/3+1 апартмани број 22, 23, 27 и 28 – голема зграда. Располагаат со брачен кревет, 1 стандарден единечен кревет  + софа на извлекување. Апартманите имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Апартманите број 22 и 23 се наоѓаат на приземје, имаат сопствена тераса со маса и столови и гледаат кон дворот, број 27 и 28 се наоѓаат на прв кат, имаат своја тераса со маси и столови и гледаат кон дворот на вилата.

1/3 апартмани број 39 и 40 – Приземје – мала зграда. Располагаат со брачен кревет + 1 стандарден единечен кревет. Апартманите имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Имаат сопствена трем – тераса која гледа кон дворот на вилата.

1/4 апартмани број 41 и 42 – Прв кат – мала зграда. Располагаат со брачен кревет + 2 единечни стандардни кревети. Апартманите имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода), клима, ТВ, фен за коса, тоалет со туш и сушара. Имаат сопствена тераса опремена со маса и столови која гледа кон дворот на вилата.

Vila Dimitris price 24 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА (Сабота – Сабота), според бројот на кревети во истото, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
    • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
    • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра)еден правец170мкд. (35евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата  и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Havana Logo with separators
mk_MKMacedonian