Куќа “Евангелија“ се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од песочната плажа, во мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 4 наши квалитетни апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со убаво среден сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата.
Апартман број 2 (1/4+1) – втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет, 2 стандардни кревети + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со одлична кујна, која ги има сите потребни елементи . Апартманот има долга, но многу тесна тераса која гледа кон градина. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Квалитетен апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со целосно опремена одлична кујна. Пространа тераса со страничен поглед море. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 4 (1/4+1) – прв кат. Најпростран и најголем апартман во вилата. Има одвоена спална соба со брачен кревет, а еден кревет на извлекување и гарнитура на пуштање во дневна заедно со целосно опремена кујна. Има пространа голема тераса со поглед позади со маса и столчиња и сопствен тоалет. Од двете соби се излегува на терасата.
Апартман број 5 (1/4) – прв кат, со поглед кон градина, има многу тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран и има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Апартман број 6 (1/3+1) – прв кат, простран одличен апартман со страничен поглед море со голема тераса. Од двете соби се излегува на терасата. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба и 1 стандарден + 1 еден кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет и кујна со сите потребни елементи.