Шпанија – место створено за забава и незаборавни моменти!
Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.
Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.
Хотелот се наоѓа на само 100 метри од плажата Platja de l’Astillero и 2 километри од центарот на Малграт де Мар. Гостите можат да уживаат во отворен базен, детски базен, ресторан со шведска маса, бар, кафе-бар и ТВ сала. Сите соби се климатизирани и опремени со балкон, сателитска ТВ, телефон, сеф (дополнително наплаќање), работна маса и сопствена бања со туш или када, фен и бесплатни тоалетни потреби. Бесплатен Wi-Fi е достапен во сите јавни простори и во собите (со надоместок). Хотелот нуди и услуги како изнајмување на велосипеди, 24-часовна рецепција, менување на валута, туристички информации и аеродромски трансфери (дополнително наплаќање).
Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува.
Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!
Датум: | 11.07 – 22.07.2025 |
Цени: | 649€ по лице |
Во цената е вклучено: | Организација на патувањето и водич Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима) 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло 6 полу пансион (појадок и вечера – шведска маса) во “Hotel Cartago Nova 3* ” во дво и трокреветни соби 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница во хотел со 2/3*) Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло |
Во цената не е вклучено: | Патничко осигурување, истото може да се извади и во агенција по цена од 650 денари Доплата за еднокреветна соба = 400 еур по лице / за 8 ноќевања во хотел според програмата Задолжителна туристичка такса во хотел во Италија и Шпанија = 2 еур по лице / ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување |
- Резервација на место за аранжман се прави со задолжителна уплата од 6000 ден.
- Остатокот од цената на аранжманот се плаќа 15 дена пред поаѓање.
- Плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари.
- Попуст за дете од 2 до 12 год – 40 еур
- Резервација на посакувано место во автобус – 1000 ден од седиште по лице
- Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
- Патниците мора да поседуваат валиден пасош со рок на траење од мин. 90 дена од влез во Европска Унија
- Распоредот на факултативите може да претрпи одредени измени.
- Магичните фонтани од Ковид периодот не работат поради рестрикција со вода, пред тргнување
патниците ќе бидат известени дали истите ќе работат - Задолжително 48 часа пред тргнување патниците ќе бидат известени за локацијата на тргнување.
Посета на Венеција со Брод – 30€ по лице
Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови (околу 10.00)
Почеток на турата со посета на: Мостот на воздишките, плоштадот Св.Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, прекрасните мали канали како и големиот канал кој ја дели Венеција на 2 делови.
Можност за индивидуално слободно време за прошетки, возење со гондола, посета на продавници и сл.
Посета на Верона – Бесплатно
Пристигнување во Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло – Бесплатно
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.
Барселона Панорамика – 65€ по лице
Целодневен разглед на Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Слободно време за шопинг и индивидуални активности во центарот на градот (Estacio de Franca)
Аквариум Барселона – 35€ по лице
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Фламенго Вечер – 35€ по лице
Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)
Музеј Дали + Георна – на барање
Откријте го музејот Салвадор Дали во Фигерес и магичниот средновековен град Жирона, двете од најпознатите атракции во северна Каталонија.
Музеј на Дали – е музеј на уметникот Салвадор Дали во неговиот роден град Фигереш, во Каталонија, Шпанија. Срцето на музејот е градскиот театар што Дали го знаел како дете. Музејот ја прикажува единствената најголема и најразновидна колекција на дела на Салвадор Дали.
Херона – позната по својата средновековна архитектура, заграден со ѕидови Стариот кварт (Бари Вел) и римските остатоци од тврдината Форца Вела. Украсените градини се наредени низ Passeig Arqueològic, патека по средновековните ѕидини на Стариот кварт, кои вклучуваат караули со огромен поглед.
*Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата
* За секоја факултатива потребно е минимум 25 патници