ЛЕТНА АВАНТУРА НА МАЛТА
Термин: 26.07.2026 – 02.08.2026
РЕДОВНА ЦЕНА: 699 € / 43.330 мкд
ПРОМО ЦЕНА: 669 € / 41.470 мкд
Малта, островска држава во средината на Средоземно море ја чинат трите најголеми и населени острови, Малта, Гозо и Комино како и помалите Филфа, Коминото и други ненаселени. Оваа средоземноморска убавица е музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е 7000 годишна историја, а сепак се живее страстно во сегашноста. Низ прошетката ќе влеземе во мистериозната предисторија на Островите, чекорејќи по стапките на Св. Павле, таму каде што Витезиите на Св. Јован го бранеле христијанството… Впечатливите бои – медено обоен камен во мешавина од медитеранско синило, пејсажите, архитектурата и богатиот ноќен живот ја прави Малта монденско место.
ПРВ ДЕН – (НЕДЕЛА) СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на група на аеродромот во Скопје во договорено време. Слетување на аеродром во Малта околу 09:00. Организиран раглед на Валета. Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти, продолжуваме по сликовитите улички до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града. Можност за посета на богато украсената Катедрала и музеј на Св.Јован, дом на светски познатите уметнички ремек дела од Караваџо и Матија Прети, која воедно е и мевзолеј каде што се погребани големите мајстори од малтешкиот витешки ред (влез во Катедралата се доплаќа на лице место 15еур). Околу 14ч чекирање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање
ВТОРИ – ШЕСТИ ДЕН
Појадок.
Во периодот од вториот до шестиот ден престојот е предвиден за слободни активности и индивидуално уживање во убавините на Малта – плажи, прошетки, локална култура, шопинг и релаксација. Во текот на престојот ќе има можност за организирање факултативни излети, и тоа:
Целодневен излет (8 часа) Blue Grotto • Marsaxlokk • Pretty Bay – 50 € по лице
Екскурзија низ најубавите крајбрежни предели на Малта Запознајте ја вистинската убавина на Малта преку излет кој ги обединува природните чуда, традицијата и медитеранскиот шарм на островот.Blue Grotto, едно од највпечатливите природни богатства на Малта, познато по своите спектакуларни морски пештери и кристално чиста вода во нијанси на сина и тиркизна боја. Место кое едноставно мора да се види и фотографира.*10 евра опционална доплата за возење со чамец до пештерите. Излетот продолжува кон Marsaxlokk,најживописното рибарско село на Малта, препознатливо по традиционалните шарени чамци и прекрасното крајбрежно шеталиште. Совршено место за прошетка, ручек, фотографии и уживање во автентичната малтешка атмосфера.За крај на денот ја посетуваме плажата, Pretty Bay, една од ретките песочни плажи на Малта, идеална за релаксација, сончање и уживање покрај кристално чистото море. Ќе имате слободно време да се одморите и да уживате на плажа
Целодневен излет (8 часа) Popeye Village • Mellieħa Bay – 75 € по лице
Едно од најпознатите и најпосетуваните места на Малта, изградено како оригинален филмски сет за снимањето на филмот „Попај“ во 1980 година. Денес ова шармантно село со дрвени куќички во живописен залив претставува вистинска туристичка атракција која изгледа како да е излезена од бајка. Ќе имате можност да прошетате низ уникатниот комплекс, да направите прекрасни фотографии со панорамски поглед кон кристално чистото тиркизно море и да уживате во опуштена медитеранска атмосфера. Во рамки на посетата е предвидено и слободно време за капење и одмор на плажа, а лежалките се вклучени во цената на излетот, што го прави ова совршена комбинација на разгледување и релаксација. По посетата на Popeye Vilage, продолжуваме кон Mellieħa Bay. Mellieħa Bay (позната и како Ghadira Bay) е најголемата и една од најпознатите песочни плажи на Малта, препознатлива по својот долг појас од златен песок, плиткото тиркизно море и прекрасниот поглед кон околните ридови. Сместена на северниот дел од островот, плажата е идеална за капење, сончање и уживање во вистинска медитеранска атмосфера. Благодарение на постепениот влез во морето и мирните води, Mellieħa Bay е омилена меѓу семејствата и посетителите од сите возрасти. Тука ќе имате слободно време за релаксација, прошетка покрај брегот и уживање во една од најубавите природни локации на Малта.
Полудневен излет (4 часа) Мдина • Рабат • Градините Сан Антон – 50 € по лице
Откријте дел од најбогатото историско и културно наследство на Малта на оваа пријатна полудневна тура. Посетете ја Мдина, позната како „Тивкиот град“, поранешната престолнина на Малта, со нејзините тесни калдрмисани улички, величествени палати и спектакуларни панорамски погледи. Турата продолжува кон Рабат, шармантен град со богата историја и традиционална малтешка атмосфера, каде ќе имате можност да прошетате низ автентичните улици и да ја почувствувате локалната култура. За крај е предвидена посета на прекрасните Градини Сан Антон, едни од најубавите ботанички градини на островот, познати по својата уреденост, егзотичната вегетација и мирната атмосфера. Совршен излет за сите кои сакаат за кратко време да ги доживеат историјата, архитектурата и природните убавини на Малта.
Целодневен излет (8 часа) Fernandes Cruise – 75 € по лице
Доживејте незаборавен ден на Медитеранот со целодневно крстарење покрај живописното крајбрежје на Малта, Гозо и Комино. Пловејќи покрај импресивните карпи, заливи и скриени пештери, ќе имате можност да уживате во прекрасните панорамски погледи и кристално чистото море.
Во текот на денот се прават застанувања во прекрасен залив на островот Гозо и во познатата Blue Lagoon на островот Комино, каде ќе имате доволно слободно време за капење, сончање, релаксација или прошетка. Тиркизната вода и природната убавина на овие места ги прават едни од најатрактивните локации на Малта.
За време на крстарењето е вклучен богат топол и ладен ручек на брод, како и неограничена консумација на пиво, вино, вода и безалкохолни пијалаци. Во текот на денот се служат и утринска и попладневна закуска.
Совршена комбинација од релаксација, капење, прекрасни пејзажи и вистинско медитеранско уживање. Организиран трансфер до и од хотел со автобус.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – (ПЕТОК)
Појадок и одјавување од хотелот. Организиран трансфер до аеродром . Полетување за Скопје.
Детали за лет :
26.07-08.02.2026
W6 4765 06:45 08:30 Skopje (SKP) Malta (MLA)
W6 4766 09:05 10:45Malta (MLA) Skopje (SKP)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје
-Аеродромски такси
-Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
-Сместување во Малта на база 7 ноќевања со појадок во Hotel Topaz 3*
-Организиран разглед на Валета со локален водич на српски јазик
-Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
-Организација на аранжманот и придружник на патување
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
–ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – 220€ се плаќа на аеродром
-Туристичка такса 1200 мкд по лице (се плаќа во агенција)
-Влезници во локалитетите освен за Попај, карти за локален превоз
-Патничко – здравствено осигурување
-Доплата за еднокреветна соба
Напомена:
Доплата за еднокреветна соба – 210 eur
Деца до 1.99 год плаќаат 3100 мкд
Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни
Промена на име на патник БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓање
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
При отказ на резрвација од страна на клиентот или промена на име, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
Aгенцијата не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ
Организатор на патувањето е туристичката агенција Хавана Травел