ШПАНИЈА СО АВТОБУС НА ДВА ТЕРМИНИ!

автобус од плажа

ШПАНИЈА СО АВТОБУС НА ДВА ТЕРМИНИ!

Лето 2026 Ви нудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.

Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни денови. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но нашиот водич, искусните возачи, многуте попатни паузи, посетите на прекрасните попатни локации – ќе направат патувањето да Ви биде задоволство. 

Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува. 

Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да искреирате најубави спомени.

Шпанија во два термина со посета и на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло!

ТЕРМИН I

  • 09.06.2026 – 20.06.2026

Хотел Guitart Central Park Aqua Resort 4* во Лорет де Мар

Специјално дизајниран за семејни одмори, хотелот Guitart Central Park Aqua Resort 4*, сместено до плажата Феналс, во идеално опкружување помеѓу морето и планините. Хотелот Guitart Central Park Aqua Resort 4* се наоѓа во срцето на Лорет де Мар, крајбрежен град на Коста Брава — туристичка област која успеала да ја задржи својата традиција и прекрасни предели, истовремено развивајќи одржлив и висококвалитетен туризам. Околината на Лорет де Мар нуди природни пејсажи, прекрасни плажи и рајски ували што вреди да се откријат.

На Коста Брава, само неколку метри од прекрасната плажа на Лорет де Мар и замокот Сант Жоан, се наоѓа Hotel Guitart Central Park Aqua Resort, кој ги нуди сите удобности за незаборавен семеен одмор: воден парк, 3 базени, 3 ресторани, 8 барови и целосна програма на анимација за млади и возрасни.

Уживајте во шармот на Лорет де Мар во уникатен хотел со воден парк со тобогани, спа-центар, барови, ресторани и богата програма за забава која ќе ви го обезбеди целиот потребен уживање за вашите семејни празници.

Хотелот располага со различни типови сместување дизајнирани така што семејствата да можат да уживаат во одмор од соништата со најдобрите услуги при рака — од удобни двокреветни поврзани соби до фамилијарни соби со капацитет за двајца возрасни и три деца.

Програма на патувањето:

09.06.2026 – Поаѓање од Скопје во попладневните. Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.

10.06.2026 – Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.

Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*). Ноќевање.

11.06.2026 – Појадок и поаѓање кон Верона

Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери. Поаѓање кон Шпанија – ноќно возење.

12.06.2026 – Пристигнување во Лорет де Мар и сместување во хотел со 4*

Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) – шведска маса.

12.06 – 18.06.2026 – Престој во Лорет де Мар- Хотел Guitart Central Park Aqua Resort 4*. Организирано гледање на Ф1 на Шпанското Гран При во Барселона.

18.06.2026 – После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3*

Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион. Ноќевање.

19.06.2026 – Појадок и одјавување од хотел. Поаѓање кон Скопје.

20.06.2026 – Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 699

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организација на патувањето и водич
  • Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
  • 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
  • 6 полупансиони (појадок и вечера – шведска маса) во Лорет де Мар во дво и трокреветни соби
  • 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница / Санремо во хотел со 2/3*)

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба = 45€ по лице / на ден 
  • Задолжителна туристичка такса во Италија, Франција = 10€ (се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса во Шпанија се плаќа на рецепција (Околу 1,5€ ден се плаќа на рецепција во хотел)
  • Задолжителни факултативни екскурзии според програмата / Посета на Верона, Кан, Ница, Монако и Монте Карло – 45€
  • Посета на Венеција со брод – 30€
  • Се она што не е наведено во програмата

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Резервација на аранжман се прави со задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Останатиот износ од 70% се плаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање.
  • Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ (евро) = 62 денари.
  • Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
  • Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
  • Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
  • Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Дозволен е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување.
  • Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата
  • Попуст за дете од 2 до 12 години – 40€
  • Резервација на посакувано место во автобус изнесува 50€ вкупно за двата правци.

ТЕРМИН II

  • 26.06.2026 – 07.07.2026

Хотел Reymar Playa 3* во Малграт де Мар

Сместен веднаш покрај морската променада, Hotel Reymar Playa нуди удобно сместување во самиот центар на Малграт де Мар. Хотелот располага со надворешен базен и пријатен простор за релаксација.

Собите се пространи и климатизирани, секоја опремена со рамноекрански ТВ од 32″ до 40″, приватно купатило и сопствен балкон.

На располагање е 24-часовна рецепција со услуга за размена на валути и туристичко биро. Во склоп на хотелот има детско игралиште, ресторан и бар. Тенискиот терен и теретаната се достапни со доплата. Малграт де Мар нуди богат избор на продавници и живописни барови во непосредна близина.

Аеродромот Жирона се наоѓа на 35 км, а градот Жирона е оддалечен 45 км. Од Малграт де Мар сообраќа редовна железничка линија до Барселона, која е околу 65 км оддалечена.

Програма на патувањето:

26.06.2026 – Поаѓање од Скопје во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.

27.06.2026Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција. Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*). Ноќевање.

28.06.2026 – Појадок и поаѓање кон Верона. Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери.Поаѓање кон Шпанија. Ноќно возење.

29.06.2026Пристигнување во Малграт де Мар и сместување во хотел со 3*- Reymar Playa 3* – Malgrad de Mar

Malgrat de Mar е живописен туристички град на Коста Брава, познат по долгите песочни плажи, прекрасно уредената морска променада и пријатната медитеранска атмосфера. Градот нуди одлична комбинација од релаксација и забава – бројни ресторани, барови, шопинг улици и содржини за семејства. Одлично е поврзан со Барселона и Жирона со редовна железничка линија, што го прави идеална база за истражување на регионот. Малграт де Мар е совршена дестинација за мирен, но динамичен одмор на море. Во хотелот имаме 3 оброци (појадок, ручек и вечера) – шведска маса. 

29.06 – 05.07.2026 – Престој во Малграт де Мар – Reymar Playa 3*

05.07.2026Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион. Ноќевање.

06.07.2026 – Појадок и одјавување од хотел. Поаѓање кон Скопје.

07.07.2026 – Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ 699

Полн пансион за резервации од 50% најдоцна до 05.03.2026, по таа дата цената ќе важи за полупансион.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организација на патувањето и водич
  • Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
  • 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
  • 6 полни пансиони (појадок, ручек и вечера – шведска маса) во Малграт де Мар во дво и трокреветни соби
  • 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница / Санремо во хотел со 2/3*)

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Патничко здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба = 45€ по лице / на ден 
  • Задолжителна туристичка такса во Италија, Франција = 10€ (се плаќа во агенција)
  • Туристичка такса во Шпанија се плаќа на рецепција (Околу 1,5€ ден се плаќа на рецепција во хотел)
  • Задолжителни факултативни екскурзии според програмата / Посета на Верона, Кан, Ница, Монако и Монте Карло – 45€
  • Посета на Венеција со брод – 30€
  • Се она што не е наведено во програмата

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

  • Резервација на аранжман се прави со задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Останатиот износ од 70% се плаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање освен за промоцијата за хотелскиот аранжман за вториот термин.
  • Плаќање исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ (евро) = 62 денари.
  • Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната.
  • Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
  • Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
  • Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Дозволен е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување.
  • Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата.
  • Попуст за дете од 2 до 12 години – 40€
  • Резервација на посакувано место во автобус изнесува 50€ вкупно за двата правци.

ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ НА СИТЕ ТЕРМИНИ:

1. Посета на Венеција со брод – 30€

  • Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови (околу 10.00). Почеток на турата со посета на: Мостот на воздишките, плоштадот Св.Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, прекрасните мали канали како и големиот канал кој ја дели Венеција на 2 делови. Можност за индивидуално слободно време за прошетки, возење со гондола, посета на продавници и сл. 

2. Посета на Верона

  • Пристигнување во Верона. Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери.

3. Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло

  • Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион.

4. Барселона Панорамика – 65€ за возрасни и 35€ за деца

  • Поаѓање после појадок од пред хотел со автобус. Пристигнување во Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Со вклучена посета на Магичните фонтани. Слободно време за шопинг и индивидуални активности. Посета на убавата Рамбла, кралскиот плоштад Реиал и еден од најубавите Roof top bars во Барселона. Препорака за исклучително добар и ефтин традиционален ресторан со локална Каталанска храна.

5.Аквариум во Барселона – влезница 35€ за возрасни и 18€ за деца

  • Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.

6. Фламенго вечер – 50€ за возрасни и 30€ за деца

  • Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)

* Можност за дополнителни факултативни екскурзии по барање на групата.

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација