НЕАПОЛ СО ПОСЕТА КАПРИ, АМАЛФИ И ПОЗИТАНО
Термин: 16.10.2026 – 19.10.2026
Авион /4 дена /3 ноќевања
Неапол е град со неповторлива енергија, каде што историјата, културата и автентичниот италијански начин на живот се среќаваат на секој чекор. Неговиот историски центар, кој е под заштита на УНЕСКО, е исполнет со замоци, цркви, катедрали и мали плоштади, идеални за одмор и уживање. Сместен под сенката на Везув, градот нуди прекрасни панорамски погледи, одлична храна и многу можности за забава. Секако, Неапол е познат и како дом на автентичната наполитанска пица. Во близина се наоѓаат островот Капри и прекрасното Амалфиско крајбрежје, што го прави Неапол одлична почетна точка за истражување на Јужна Италија.
16.10.2026 (петок) СКОПЈЕ – НЕАПОЛ
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 14:30 часот. Полетување во 16:30 часот. Слетување на аеродром во Неапол во 18:10 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.
17.10.2026 (сабота) НЕАПОЛ – ПОЗИТАНО – АМАЛФИ – СОРЕНТО
Појадок. Поаѓање на целодневна факултативна екскурзија по Амалфиското крајбрежје со организиран трансфер.
Поаѓање од Соренто, познат како „Сончевиот град“, со прекрасен поглед кон Неаполскиот залив и тиркизните води на Тиренското Море. Следува прошетка низ центарот и слободно време за уживање во автентичната италијанска атмосфера.
Патувањето продолжува кон Позитано, едно од најживописните места на крајбрежјето, препознатливо по шарените куќи изградени на стрмните падини, тесните улички и прекрасните погледи кон морето. Потоа следува посета на Амалфи, некогашна моќна поморска република по која целиот брег го добил своето име. Прошетка низ историскиот центар, посета на плоштадот и катедралата „Св. Андреј“, позната по импресивните скалила и декоративната фасада. По завршувањето на посетите, враќање во хотел. Ноќевање.
18.10.2026 (недела) НЕАПОЛ – КАПРИ
Појадок. Поаѓање на целодневна факултативна екскурзија до Капри, еден од најпознатите и најубавите италијански острови, познат по стрмните карпи, тиркизното море, медитеранската вегетација и гламурозната атмосфера.
Трансфер до пристаништето и пловидба со брод до Марина Гранде, главното пристаниште на островот. По пристигнувањето следува организиран трансфер до Анакапри, каде што е предвидено слободно време за прошетка и можност за посета на вилата „Сан Микеле“ или возење со жичарница до Монте Соларо, највисоката точка на островот, од каде што се протега прекрасен поглед кон Капри и Неаполскиот Залив. Продолжување кон градот Капри и прошетка низ плоштадот Умберто I, познат како Пјацета, тесните улички со луксузни бутици, ресторани и продавници за сувенири. Посета на Августовите градини и видиковецот од каде што се гледаат познатите карпи Фараљони, симболот на островот, како и Марина Пикола и Виа Круп. Слободно време за ручек, дегустација на познатото лимончело и уживање во неповторливата атмосфера на островот. Во зависност од временските услови, можност за факултативна посета на Сината пештера или панорамско крстарење околу островот. Во договореното време враќање со брод во Неапол, трансфер до хотелот и ноќевање.
19.10.2026 (понеделник) НАПОЛИ – СКОПЈЕ
Појадок во хотел и одјавување од собите. Слободно време за индивидуални прошетки и последно уживање во атмосферата на Неапол. Препорачуваме прошетка низ историскиот центар и посета на Пјаца Белини, еден од најживите плоштади во градот, познат по своите барови, музика и автентична атмосфера. Искористете го времето за да пробате традиционална наполитанска пица „Маргарита“, италијанско еспресо и вкусно џелато, како совршен крај на патувањето. Во договореното време организиран трансфер до аеродромот. Полетување од Неапол кон Скопје во 18:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување во Скопје во 20:15 часот.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 € / 28.400 мкд
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.08.2026 : 399 € / 24.700 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје-Неапол-Скопје
– Аеродромски такси
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
– Сместување во околината на Неапол/ Соренто на база 3 ноќевања со појадок
– Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
– Организација на аранжманот и придружник на патување
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
– Посета на Позитано и Амалфи 85€
– Посета на Капри 85€
– Туристичка такса 4,50€ на ден и се плаќа дирекно во хотел
– Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд
Напомена:
Доплата за еднокреветна соба ХХХХ мкд
Деца до 1.99 год плаќаат 50 еур
Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни
Промена на име на патник БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓање
Напомена:
• Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
• За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
• Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
• Усни и телефонски резервации се невалидни.
• При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
• Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
• Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
• Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. • Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
• Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
• За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
• Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
• ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
• За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
• ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ
• Организатор на патувањето е туристичката агенција Хавана Травел од Скопје со лиценца А (Министерство за Култура и Туризам)