Прага и Карлови Вари за 23ти Октомври
Термин: 22.10.2026 – 26.10.2026
Подарете си незаборавно патување во срцето на Европа и откријте ги убавините на Прага и Карлови Вари – две дестинации кои пленат со својата историја, архитектура и единствена атмосфера. Прага, позната како „градот на стоте кули“, ќе ве воодушеви со своите живописни улици, величествени градби и безвременски шарм. Прошетајте низ историскиот центар, преминете преку познатиот Карлов мост, уживајте во погледот кон реката Влтава и откријте ги тајните на еден од најубавите европски градови.
Патувањето продолжува кон Карлови Вари – најпознатиот бањски град во Чешка, прочуен по своите термални извори, раскошни колонади и елегантна архитектура. Градот нуди мирна и префинета атмосфера, идеална за прошетки, релаксација и уживање во природните убавини и локалните специјалитети. Ова патување е совршен избор за љубителите на културата, историјата и европската архитектура, но и за сите кои сакаат да доживеат нови места, незаборавни пејзажи и автентична чешка традиција. Придружете ни се и создадете спомени што ќе траат засекогаш, истражувајќи две од највпечатливите дестинации во Европа – романтичната Прага и елегантниот Карлови Вари.
РЕДОВНА ЦЕНА: 229 € / 14.200 ден
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.09: 189 € / 11.718 ден
ПРВ ДЕН (22.10.2026) Четврток
Собир на групата кај Хотел Русија во 12:00 часот. По распределувањето на седиштата и багажот, во 12:30 поаѓање. Патувањето е преку Србија, Унгарија, Австрија, Словачка со попатни паузи.
ВТОР ДЕН (23.10.2026) Петок
По ноќното патување, во утринските часови пристигнување во Прага. Започнува панорамски и пешачки разглед со локалниот водич низ историскиот центар на Прага. По разгледот и слободното време, започнуваме со крстарењето по Влтава. Во вечерните часови враќање во хотел и ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (24.10.2026) Сабота
По појадок во хотелот, групата се упатува на целодневна екскурзија со локален водич до Карлови Вари, најпознатиот бањски центар во Европа, термалните извори и старите палати кои пленат со својот раскош и убавина, и секако зрачат со топлина од термалните води. Слободно време за прошетка и посета на некој од базените, каде ќе имате можност да уживате во топлите води. Во вечерните часови враќање во хотел и ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (25.10.2026) Недела
По појадок во хотелот, одјавување од хотелот и поаѓање кон Македонија. Попатно се застанува во најголемиот трговски центар во тој дел од Европа, Пандорф, каде групата ќе има неколкучасовно шопинг доживување. Во вечерните часови продолжување на патувањето кон Скопје преку Австрија, Унгарија, Србија.
ПЕТТИ ДЕН (26.10.2026) Понеделник
Пристигнување во Скопје околу пладне.
Што е вклучено во цената
2 ноќевања со појадок во хотел 3*
Автобуски превоз на наведената релација
Локален Водич во Прага
Организација на аранжманот
Посета на Пандорф
Лиценциран придружник
Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Туристичка такса (5 евра по лице по ноќ – се плаќа на рецепција)
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Задолжителна доплата за екскурзија Карлови Вари со превоз и локален водич (50 евра) се плаќа на лице место
Крстарење по Влтава (20 евра) се плаќа на лице место
Важно
За реализација на овој аранжман се потребни минимум 45 патници.
Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Седиштето во автобус се добива според датумот на уплатата
Доплата за еднокреветна соба – 50 евра
Доплата за дете до 11.99 години –159 евра