Темишвар и Сибиу (Наградна игра Дубаи)

06.03.2025 -09.03.2025

139€

 

Со уплата на овој аранжман сте потенцијален добитник на

ГРАТИС ПАТУВАЊЕ ЗА ДУБАИ


 

 

Темишвар е трет по големина град во Романија кој во 2023 бил прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Со архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“. За време на оваа тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и бил одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад III познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок.  Bториот град што се посетува е градот Сибиу кој се наоѓа во срцето на Трансилванија, а покрај неговото историско наследство со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”. На оваа екскурзија се посетува и градот Белград, еден од херојските градови и втор град каде започнала познатата романска револуција од 1989 година.

 

ПРВ ДЕН 06.03.2025 (Четврток) СКОПЈЕ- ТЕМИШВАР

Состанок на група кај хотел Русија во 22:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани (суд) Штип (лукоил бензинска на излез) и Куманово (Макпетрол). Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

ВТОР ДЕН 07.03.2025 (Петок)  ТЕМИШВАР

Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата – поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одомор. Ноќевање.

 ТРЕТ ДЕН 08.03.2025 (САБОТА) ТЕМИШВАР-ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ

Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади, еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула). Поглед на надворешноста на непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетите огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од “Јамата”, која што е поврзана со една народна легенда. Слободно време за кафе, прошетки и слично. Заминување кон Сибиу. Градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”. Градбите и зградите го одразуваат унгарското-германското влијание, а многу од нив имаат заедничка карактеристика на нивните покриви бидејќи имаат мали прозорци што личат на очи. Мештаните тврдат дека германските окупатори во регионите намерно граделе очи за да влеват страв. Во Сибиу групата ќе има слободно време за истражување на градот. Враќање во хотел. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН 09.03.2025 (НЕДЕЛА) ТЕМИШВАР-БЕЛГРАД-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување кон Белград. Пристигнување во Белград во претпладневните часови. Слободно време околу 3 часа за шопинг во трговскиот центар ,,Rajiceva’’,  слободно време на улицата Кнез Михаилова или индивидуална прошетка низ Калемегдан. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови пред полноќ во Скопје.

 

ПРОМО ЦЕНА: 139 / 8.620 мкд
Цена на аранжманот: 159 € / 9.860 мкд по лице

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Aвтобуски превоз
  • 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Разглед на Темишвар со локален водич
  • Туристички придружник од агенција

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  •  Посета на термалните бањи-Амазониа, превоз и влезница 30€
  • Пакет – Посета на Сибиу и замокот Корвин со вклучена влезница – 60€/ 55 евра за студенти со приложување на индекс
  • Туристичка такса – задолжителна доплата во автобус- 2€
  • Доплата за еднокреветна соба – 3100 мкд
  • За деца до 2.99 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
  • За деца од  3 год. до 11.99 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман.
  • Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА И ДОПЛАТИ:

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Доплата за еднокреветна соба- 50  евра плус од моменталната сума на аранжманот
  • За деца до 3 години- 50 евра за превоз, гратис сместување доколку е придружуван со двајца родители. Не користи легло.
  • За деца со полни 3 год. до неполни 12 год.- добива попуст само на факултативи, се плаќа целосна сума на аранжман.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.

За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ХАВАНА ТРАВЕЛ 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација