Барселона
Термин: 14.11.2026 – 17.11.2026
Барселона – град на уметност, море и архитектура
Барселона е еден од најживите и најпосетените градови во Шпанија, познат по својата уникатна архитектура, медитеранска атмосфера, плажи и одлична гастрономија. Градот совршено ги спојува историјата, уметноста и модерниот начин на живот, што го прави една од најомилените европски туристички дестинации. Во Барселона се наоѓаат ремек-делата на Antoni Gaudí, меѓу кои Sagrada Família, Park Güell и Casa Batlló. Градот нуди и прекрасни плажи, познатото шеталиште La Rambla, одлична гастрономија и богат ноќен живот. Барселона е идеална и за љубителите на спортот, како дом на легендарниот FC Barcelona и стадионот Spotify Camp Nou.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 € / 28.460 мкд
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.10.2026 : 499 € / 30.940 мкд
Програма на патувањето
ДЕН1
14.11.2026 | САБОТА
СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:35 часот. Полетување за Барселона во 12:35 часот. Пристигнување во Барселона во 15:30 часот. По пристигнувањето следува организиран трансфер до хотелот и сместување. Во попладневните часови препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и Магичните фонтани. Ноќевање.
ДЕН2
15.11.2026 | НЕДЕЛА
БАРСЕЛОНА – ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД – PARK GÜELL
Појадок во хотел. Пешачки разглед на Барселона Предвидена е можност за организиран пешачки разглед низ Готскиот кварт – Barri Gòtic, историското срце на Барселона. Квартот е познат по лавиринтот од тесни средновековни улици, римските остатоци и живописните плоштади. Се наоѓа во областа Ciutat Vella, помеѓу La Rambla и Via Laietana. За време на разгледот ќе имаме можност да видиме дел од најпознатите знаменитости: Катедралата во Барселона, Plaça Reial, Еврејскиот кварт – El Call и Sagrada Família
Потоа со метро се упатуваме кон катедралата Sagrada Família, едно од најпрепознатливите дела на Антони Гауди. Слободно време за фотографирање, кафе-пауза и ручек. Park Güell
Во попладневните часови е предвидена можност за индивидуална посета на Park Güell. Паркот е едно од најпознатите ремек-дела на Antoni Gaudí и место каде неговата идеја за единството на уметноста и природата доаѓа до полн израз. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН3
16.11.2026 | ПОНЕДЕЛНИК
ЦИТАДЕЛА – ШПАНСКО СЕЛО – ТИБИДАБО – ФЛАМЕНКО
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за можност за факултативна посета на три од најпознатите паркови и атракции во Барселона. Парк Цитадела. Посетата започнува со Паркот Цитадела, еден од најпознатите зелени простори во градот Шпанско село Потоа се упатуваме кон Шпанското село, музеј на отворено создаден во првата половина на XX век. Комплексот бил создаден како изложба чија цел била да ги прикаже основните архитектонски карактеристики и разновидноста на различните региони во Шпанија.Тибидабо
За крај се упатуваме кон Тибидабо, од каде се отвора еден од најубавите панорамски погледи кон Барселона. По приближно 6-часовната обиколка следува слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел со метро. Фламенко вечер Во вечерните часови можност за организирана факултативна Фламенко вечер. Ќе имате можност да уживате во автентично фламенко шоу и уникатната шпанска атмосфера. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
ДЕН4
17.11.2026 | ВТОРНИК
БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки и последно уживање во Барселона. Во договорено време следува организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 16:00 часот. Пристигнување во Скопје во 18:45 часот.
Во цената е вклучено:
Лет и трансфери
Авио билет Скопје – Барселона – Скопје
Рачен багаж до 8 kg
Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром
Сместување и организација
Сместување во Hotel Best Auto Hogar 3★
Хотел во централно подрачје
3 ноќевања со појадок
Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
Организација на аранжманот
Придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
Чекиран багаж – цената се утврдува 3–4 дена пред полетување
Туристичка такса – 5 € по лице / ден – се плаќа во агенција
Билети за јавен превоз со метро
Патничко осигурување
Доплата за еднокреветна соба – 120 €
Организиран разглед на Барселона со локален водич – 35 €
Посета на парковите Цитадела, Шпанско село и Тибидабо – 80 €
Индивидуална посета на Park Güell – 28 €
Фламенко шоу со пијалок – 55 €
Задолжително пријавување на две факултативни посети
Факултативни посети
РАЗГЛЕД НА БАРСЕЛОНА СО ЛОКАЛЕН ВОДИЧ 35 €
Организиран пешачки разглед низ историскиот дел на Барселона со локален водич. Во рамките на разгледот се предвидуваат дел од најпознатите места во Готскиот кварт.
3 ПАРКА НА БАРСЕЛОНА 80 €
Факултативната посета опфаќа: Парк Цитадела, Шпанско село, Тибидабо
PARK GÜELL 28 €
Индивидуална посета на едно од најпознатите ремек-дела на Antoni Gaudí. Во цената е вклучена влезницата. ФЛАМЕНКО ШОУ 55 € Организирана вечер со автентично фламенко шоу. Во цената е вклучен пијалок.