Божиќна Бајка во Париз
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Париз во декември блеска со посебен сјај. Градот на светлината, обвиен во празнична магија, ја спојува вечната елеганција со шармот на божиќните маркети и светлечките украси што ги красат булеварите и плоштадите. Шетајќи по мостовите на Сена или низ малите уметнички улички на Монмартр, секој агол открива нова приказна.
Овој период од годината, Париз е претворен во вистинска зимска бајка. Секој булевар, плоштад и мост е украсен со светилки, а божиќните маркети ја дополнуваат атмосферата со празнична магија, мирис на топло вино и француски специјалитети. Вашиот престој ќе биде вистинска авантура помеѓу уметноста, историјата и празничниот сјај.
26.11.2025 (четврток) СКОПЈЕ – ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10.30 часот. Полетување за Париз во 13.00 и пристигнување во Париз во 16.05 часот. Организиран трансфер. Сместување во хотел. Во попладневни часови посета на Монмартр (со метро) – место каде уметноста и празничната магија се спојуваат. Божиќниот маркет таму ќе ве воодушеви со украсени куќарки, светилки и топла атмосфера. Пигал, Мулен Руж (влез со доплата). Ноќевање.
27.11.2025 (петок) ПАРИЗ – Елисејски полиња –Трокадеро- Ајфелова кула – Сена
Појадок. Организирана пешачка тура : паркот Тујлери украсен со празнични светилки, Конкорд Плоштадот, Елисејските Полиња – во тоа време претворени во вистинска сцена на новогодишна магија, со украсени дрвореди, шарени излози и празнични божиќни маркети. Слободно време за шопинг и ручек во срцето на Париз. Посета на Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро и Ајфеловата кула, која во декември блеска во посебен сјај. Можност за романтично крстарење по Сена под светлината на новогодишните украси. Враќање во хотел. Ноќевање.
28.11.2025 (сабота) ПАРИЗ ПАРИЗ- Версај и Лувр
Појадок. Факултативна посета (со јавен превоз, метро) на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала и градините… Враќање во централниот дел на Париз. Продолжуваме кон импресивниот Лувр. Пауза за сликање, кафе, ужина или за љубителите на уметноста. Влез во еден најпознатите музеи со светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза. Турата е организирана со локален водич. Враќање во хотел. Ноќевање.
29.11.2025 (недела) ПАРИЗ- СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Можност за посета на галеријата Лафајет која во овој период е позната по своите светлечки фасади и величествени новогодишни излози. Организиран трансфер до аеродромот во 11:30ч. Полетување за Скопје во 14.55, пристигнување во 17.40 часот
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 559 € / 34.600 мкд
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 15.09.2026 : 459 € / 28.400 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со WizzAir
• Аеродромски такси
• Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
• 4 ноќевања со појадок во хотел Campanile 3* Porte de Bagnolet – Paris
• Превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
• Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група: Паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња, Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата), Богородичната црква Норт Дам,
• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 2,5 карнет за 1 возење)
• Доплата за голем кабински до 10кг. или чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
• Туристичка такса 5,2 € по лице на ден – се плаќа на рецепција во хотел
• Влезница за Ајфелова Кула – влезница 25-60€ (картите се купуваат на лице место)
• Факултативна посета Версај и Лувр со локален водич 150€ влезници со термин (пријавување во агенција)
• Влезница за брод по Сена 25€ (пријавување во агенција)
• Посета на Операта Гарние 25€ влезница со термин (пријавување во агенција)
• Посета на Мулен Руж со претстава -цена од 180-250€ со пијалок ½ шампањ (пријавување во агенција)
*Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (80-150 € возрасен, дете до 12 год. 70-140 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € по правец* можност за организирање приватен трансфер
• Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд
Напомена:
Доплата за еднокреветна соба 9,380 мкд
Деца до 1.99 год плаќаат 90 еур
Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни
Промена на име на патник БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓање
Напомена:
• Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
• За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
• Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
• Усни и телефонски резервации се невалидни.
• При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
• Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
• Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
• Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
• Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
• Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
• За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
• Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
• ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
• За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
• ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ
• Организатор на патувањето е туристичката агенција Хавана Травел од Скопје со лиценца А (Министерство за Култура и Туризам)