Крајова 🚌

28.11.2026 - 29.11.2026

109€

КРАЈОВА БОЖИЌЕН МАРКЕТ СО ПОСЕТА НА ВИДИН И НИШ

Термин:28.11-29.11.2026

Божиќен маркет во Крајова
Крајова, Романија, се вбројува меѓу најдобрите божиќни пазари во Европа. Распространет на повеќе од 280.000 квадратни метри, маркетот го претвора центарот на градот во голема празнична сцена.

Годинава инспирацијата доаѓа од приказната за Оревокршачката. Џиновски слатки, играчки, самовили и кукли ги красат улиците, додека милиони светилки ја надополнуваат бајковитата атмосфера. Рачно насликаните куќички и штандовите украсени како вртелешки нудат ракотворби, празнични вкусови, меденки и греено вино.

Возете се на панорамското тркало, уживајте на лизгалиштето и погледнете ја летачката санка на Дедо Мраз — една од највпечатливите атракции на маркетот.

Крајова ве очекува за празнично доживување исполнето со светлина и магија.
ЦЕНА: 109 евра (6760 ден.)

ЦЕНА: за деца до 11,99 години : 99 евра (6140 ден.)

Прв ден – 28.11. 2026 (сабота)
Поаѓање од Кочани во раните утрински часови, со попатно качување во Штип, Велес, Скопје и Куманово. Патувањето продолжува преку граничниот премин Табановце, со ноќно возење низ Србија и паузи за одмор и гранични формалности.

Пристигнување во Видин, историски град на брегот на Дунав. Ќе ја посетиме тврдината „Баба Вида“, изградена во 10 век и позната како единствената целосно зачувана средновековна тврдина во Бугарија. Потоа следуваат сместување во хотелот, краток одмор и поаѓање кон Крајова.

Во Крајова ќе прошетаме низ паркот „Николае Романеску“, стар повеќе од еден век. Неговите живописни патеки, езеро, висечки мост и романтичен замок го прават едно од најубавите места за прошетка во градот. За љубителите на шопинг, факултативно е предвидена посета на трговскиот центар „Електропутере“ во времетраење од околу два часа.

Потоа следува посета на Божиќниот пазар на централниот плоштад „Михај Витјазул“. Ќе имате слободно време да ги разгледате празничните штандови, светлечките украси и програмата и да уживате во божиќната атмосфера.

Враќање во Видин и ноќевање.

Втор ден 29.11.2026 (недела)
Појадок и одјавување од хотелот. Следува слободно време во Видин за прошетка низ Дунавската градина. По желба, може да ги посетите Крстатата касарна, Турскиот конак, во кој денес се наоѓа Регионалниот историски музеј, или катедралата „Свети Димитар“, третата највисока црква во Бугарија.

Околу пладне поаѓаме кон Македонија, со попатна пауза во Ниш. Во овој жив српски град ќе имате слободно време за прошетка и кафе. Може да ги разгледате плоштадот „Крал Милан“, пешачката улица „Обреновиќева“, Нишката тврдина и парковите покрај реката Нишава.

Во вечерните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во Кочани по полноќ.

Цената вклучува:
1 ноќевања со појадок во Видин;
Превоз со туристички автобус;
Посета на Крајова;
Посета на Видин;
Посета на Ниш;
Пратител од агенција за време на патувањето.

Цената не вклучува:
Здравствено осигурување;
Влезници за туристички места;
Лични трошоци;
Доплата за еднокреветна соба

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација