НЕАПОЛ И СОРЕНТО
СО ПОСЕТА КАПРИ, АМАЛФИ И ПОЗИТАНО
Термин: 16.10.2026 – 19.10.2026
Авион /4 дена /3 ноќевања
Неапол е град со неповторлива енергија, каде што историјата, културата и автентичниот италијански начин на живот се среќаваат на секој чекор. Неговиот историски центар, кој е под заштита на УНЕСКО, е исполнет со замоци, цркви, катедрали и живописни плоштади. Сместен под сенката на Везув, градот е познат по прекрасните панорамски погледи и, секако, по автентичната наполитанска пица.
Соренто, пак, плени со својата медитеранска атмосфера, тесните улички, мирисот на лимони и прекрасните погледи кон Неаполскиот Залив. Неговата одлична местоположба го прави идеална почетна точка за посета на островот Капри и прекрасното Амалфиско крајбрежје, создавајќи совршена комбинација за запознавање на убавините на Јужна Италија.
16.10.2026 (петок) СКОПЈЕ – НЕАПОЛ- СОРЕНТО
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 14:30 часот. Полетување во 16:30 часот. Слетување на аеродром во Неапол во 18:10 часот. Трансфер од аeродром до хотел во Соренто. Сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.
17.10.2026 (сабота) СОРЕНТО – ПОЗИТАНО – АМАЛФИ – РАВЕЛО
Појадок. Поаѓање на целодневна факултативна екскурзија по Амалфиското крајбрежје со организиран трансфер.
Прва станица ни е прекрасен видиковец на Позитано, едно од најживописните места на крајбрежјето, препознатливо по шарените куќи изградени на стрмните падини, тесните улички и прекрасните погледи кон морето. Потоа следува посета на Амалфи, некогашна моќна поморска република по која целиот брег го добил своето име. Прошетка низ историскиот центар, посета на плоштадот и катедралата „Св. Андреј“, позната по импресивните скалила и декоративната фасада. Патувањето продолжува кон Равело, едно од најволшебните места на Амалфиското крајбрежје – тивко, романтично и сместено високо над морето, како природна тераса со поглед што остава без здив. Познат е по својата мирна атмосфера, историски палати и градини што изгледаат како патувaње во некој сон. Враќање во хотел. Ноќевање.По завршувањето на посетите, враќање во хотел. Ноќевање.
18.10.2026 (недела) СОРЕНТО – КАПРИ
Појадок. Пешачки разглед на Соренто со локален водич, со поаѓање од хотелот. Прошетка низ центарот на градот, Piazza Tasso, историскиот дел со Via San Cesareo, Piazza Sant’Antonino и Villa Comunale, од каде се протега прекрасен поглед кон Неаполскиот Залив и Везув.
Продолжување пеш до пристаништето Marina Piccola и пловидба со брод до Капри. По пристигнувањето на Marina Grandе, возење со жичарница до градот Капри. Пешачки разглед низ познатата Piazzetta, живописните улички и Августовите градини(влез со доплата на лице место), со прекрасен поглед кон карпите Faraglioni и Marina Piccola.
Слободно време за индивидуален ручек, прошетка и уживање во атмосферата на островот. Можност за посета на Ана Капри со локален автобус, прошетка низ центарот или возење со жичарница до Monte Solaro.Во договореното време враќање до Marina Grande и пловидба со брод кон Соренто. Враќање во хотелот и ноќевање
19.10.2026 (понеделник) НАПОЛИ – СКОПЈЕ
Појадок во хотел и одјавување од собите. Организиран трансфер до Неапол. Пешачки разглед на градот со локален водич: сместен во срцето на Наполи: плоштадот Пјаца дел Плебисито е еден од најголемите, а тука се наоѓаат Кралската палата, Галеријата Умберто, театарот Сан Карло, замокот Castelo Nuovo, Фонтаната на Нептун, пристаништето и Палатата на Имаколатела… Во договореното време организиран трансфер до аеродромот. Полетување од Неапол кон Скопје во 18:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување во Скопје во 20:15 часот.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 499 € / 30.900 мкд
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 20.09.2026 : 459 € / 28.400 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје-Неапол-Скопје
– Аеродромски такси
– Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
– Сместување во Hotel Angelina Sorrento (оценка 9.3/10 на Booking.com) на база 3 ноќевања со појадок
– Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
– Организација на аранжманот и придружник на патување
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
– Посета на Позитано, Амалфи и Равело со локален водич на српски/хрватски јазик 85€
– Посета на Капри и Соренто со локален водич на српски/хрватски јазик 85€
– ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ 160 евра
– Туристичка такса 4,50€ на ден и се плаќа дирекно во хотел
– Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд
Напомена:
Доплата за еднокреветна соба 160 еур
Деца до 1.99 год плаќаат 50 еур
Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни
Промена на име на патник БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓање
Напомена:
• Цените се по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
• За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
• Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
• Усни и телефонски резервации се невалидни.
• При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
• Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
• Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
• Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. • Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
• Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
• За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност
• Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
• ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
• За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
• Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
• ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ
• Организатор на патувањето е туристичката агенција Хавана Травел од Скопје со лиценца А (Министерство за Култура и Туризам)