Hotel Jenny 3* Siviri

1/4 студио

150 м од плажа

Hotel Jenny 3* Siviri е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири.Има базен, бар покрај базенот, детски дел, ресторан, рецепција, безжичен интернет……Надворешниот базен и лежалките се бесплатни за користење од гостите.Хотелот располага со 37 соби:Во собите: клима уред (вклучен во цената), кабловска телевизија, фрижидер и тоалет (реновирани 2019 г.)

Услуга
Полупансион – појадок и вечера на шведска маса
Појадок 08:00-10:00ч.
Вечера 19:00-21:00ч.

Сместување : Четирикреветни стандард соби – еден брачен кревет и два единечни. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), кабловска телевизија, фрижидер и тоалет (реновирани 2019 г.)

Плажа
150 метри од песочна плажа

Цените се по ЛИЦЕ за 7 полупансиони
Прво и второ дете до 11,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО

 

Попусти за рана уплата :
-10% 02/02/2024
-5% до 29/02/2024
(50 % уплата при резервација и целосна доплата до 21 ден пред датата на сместување)

 

Jenny pricelist 24

Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Цените се по лице, за сместување минимум 2 возрасни лица во соба кои плаќаат полна сума
Услуга полупансион (појадок и вечера)
Цените обележани со црвено се промо цени и на нив не следува попуст
Сместување во соба 1/2+2 = 1 голем (брачен) кревет + 2 единечни кревети
Прво и второ дете до 11.99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО
Деца од 12 години до 15,99 г. со двајца возрасни на редовно легло има попуст од  70 % од цената во табелата.
Трет и четврт возрасен и дете со полни 16 години, плаќаат по 50% од цената во табелата.
Дете од 2  до 8 години како 5 то лице во соба доплата 100 €  во кревет со родител
Бебешко креветче – бесплатно (на барање)

Во цената Е вклучено:
7 полупансиони (шведска маса)
Клима уред
Безжичен интернет
Користење отворен базен со слатка вода
Бесплатно лежалки, чадори на базен во хотелот
Детски дел во дворот на хотелот

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување (задолжително е да се има)
Туристичка такса 3 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Напомени !
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до пред хотелот.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Сместување во собите е после 14;00 часот (локално време)
Напуштање на собите е до 10;00 часот (локално време)
За уплатени два аранжмани 7+7 попуст 7% на вториот аранжман (не се комбинира)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот.
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во хотелот
Попустите не може да се комбинираат,
Сместувањето е согласно капацитетот на кревети (договорот за патување)
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

Полупансион:
Појадок 08:00-10:00 часот – шведска маса (локално време)
Вечера   19:00-21:00 часот –  шведска маса (локално време

 

 Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:

  • возрасни: 45 €
  • деца од 2 до 12 години: 35 €
  • деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус);
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
    Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
    Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж
    Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
    Секој дополнителен багаж се наплаќа 10€ по куфер
Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација