Ова лето одиме во Шпанија со лет од Скопје, на најмонденското и најлуксузно одморалиште во близина на Валенсија!
Највисокиот хотел во Европа и симбол на луксуз во Бенидорм. Овој хотел е визуелна атракција и архитектонско ремек-дело.
Сместен на неколку метри од познатата Пониенте Плажа, Gran Hotel Bali нуди спектакуларни погледи на Средоземното Море и на целиот град Бенидорм. Благодарение на својата локација, гостите можат лесно да пристапат до плажите, локалните атракции и трговските зони.
Gran Hotel Bali е познат како еден од највисоките хотели во Европа, со висина од 186 метри и 52 ката. Овој иконичен објект е симбол на модерниот Бенидорм, нудејќи комбинација од удобност, луксуз и неверојатни погледи од своите панорамски тераси. Совршен избор за оние кои бараат луксузен престој, врвни услуги и уникатно искуство во Бенидорм. Без разлика дали патувате со семејството, со партнерот или со пријателите, овој хотел ќе го направи вашиот одмор незаборавен!
Нуди неколку надворешни базени, спа и пространи климатизирани соби, повеќето од нив со приватни балкони.
Сите соби имаат сателитска ТВ, сеф и минибар. Wi-Fi е достапен во заедничките простории.
Гостите можат да уживаат во оброците на шведска маса во 2-та ресторани на хотелот. Хотелот располага со бар покрај базенот и диско-бар. Гран Бали нуди целосна забавна програма, а има и соба за игри со пинг-понг маси.
Хотелот Gran Hotel Bali & Spa располага со сауна, теретана и топла бања. Може да се резервираат масажи и низа третмани за убавина. Влезот во спа центарот и третманите се доплаќа.
Сместен во тивката област Ла Кала во Бенидорм, Gran Hotel Bali & Spa е на само 5 минути пешачење од плажата Пониенте.
Добредојдовте во Бенидорм, бисерот на шпанската Коста Бланка, познат по своите прекрасни плажи, раскошна клима и енергичен дух. Овој град, често нарекуван „Манхетен на Медитеранот,“ е популарна дестинација за патници од целиот свет кои бараат комбинација од забава, одмор и култура.
Early Bird Prices-15.02.2025
FB + Transfer + Air ticket
Dates | nights | Adult | (3rd) Adult | Child (2-12 години) | SGL Room |
01.07 – 08.07 | 7 | 1249 € | 1190 € | 979 € | 50 € / pp / pn |
08.07 – 15.07 | 7 | 1249 € | 1190 € | 979 € | 50 € / pp / pn |
15.07 – 22.07 | 7 | 1299 € | 1199 € | 979 € | 50 € / pp / pn |
Regular Prices
FB + Transfer + Air ticket
Dates | nights | Adult | (3rd) Adult | Child (2-12 години) | SGL Room |
01.07 – 08.07 | 7 | 1349 eur | 1249 eur | 979 eur | 50 € / pp / pn |
08.07 – 15.07 | 7 | 1349 eur | 1249 eur | 979 eur | 50 € / pp / pn |
15.07 – 22.07 | 7 | 1399 eur | 1299 eur | 979 eur | 50 € / pp / pn |
Flights to Spain – Schedule Air Serbia
01 JULY / 08 JULY | 01 Jul | SKP 04.00-BEG 05.10 | 08 Jul | VLC – 09.55 – BEG 12.35 |
BEG06.20-VLC 09.10 | BEG 13.25- 14.40 SKP | |||
08 JULY / 15 JULY | 08 Jul | SKP 04.00-BEG 05.10 | 15 Jul | VLC – 09.55 – BEG 12.35 |
BEG 06.20-VLC 09.10 | BEG 13.25- 14.40 SKP | |||
15 JULY / 22 JULY | 15 Jul | SKP 04.00-BEG 05.10 | 22 Jul | VLC – 09.55 – BEG 12.35 |
BEG 06.20-VLC 09.10 | BEG 13.25- 14.40 SKP |
Во цената е вклучено:
- Авионски билет со лет од Скопје на авиокомпанијата Air Serbia со вклучени аеродромски такси
- Во цената е вклучен багаж од 23 кг. по лице
- Трансфер аеродром-хотел-аеродром
- 7 ноќевања на база полн пансион
- Дете од 0-2 година плаќа 50 евра аеродромски такси
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување, истото може да се извади и во агенција
- Доплата за еднокреветна соба 50 еур по лице / на ден, за ноќевања во хотел според програмата
- Туристичка такса во хотел – 2 еур по лице / ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување
- Доплата за Спа центар- 20 евра по лице (директно во хотел)
- Доплата за соба со поглед на море- 20 евра по лице (се плаќа во агенција)
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.