Осигурување од ризик на отказ

[vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”left\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\”][vc_column][vc_column_text]

ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИК НА ОТКАЖУВАЊЕ И ПРЕКИНУВАЊЕ НА

ДОГОВОРЕНО ТУРИСТИЧКО ПАТУВАЊЕ

( Член 3 )

 

Осигурени опасности (ризици)

 

1. Смртен случај, болест и повреда од несреќен случај

– на осигуреникот

– на брачниот другар на осигуреникот

– на децата на осигуреникот или децата на брачниот другар на осигуреникот независно одтоа дали се од исти или другбрак односно се вонбрачни

– на други лица што заедно патуваат со осигуреникот и се наведени во полисата

 

2. Смртен случај, тешка болест и тешка телесна повреда од несреќен случај

– на родителите на осигуреникот или родителите на брачниот другар на осигуреникот

– на сестрите или браќата на осигуреникот или сестрите или браќата на неговиотБрачендругар и нивни деца

– на внуците (од син или ќерка ) на осигуреникот или на внуците на неговиот брачен другар не зависно дали се тие децата од друг брак или oд вонбрачни деца

– на лице со кое осигуреникот живее во исто семејно домаќинство и е должен да го издржува

– на лице за кое осигуреникот е должен да се грижи према законот

 

Како тешки болести во смисла на овие услови се сметаат:

– Исхемична болест на срцето ( вклучувајки и потешка состојба – срцев инфаркт )

– Мозочен удар

– Откажување на функција на бубрезите

– Откажување на функцијата на црниот дроб (хепар)

– Малигни болести

– Болести или состојби кои предизвикуваат делумна или целосна парализа на екстремитети

– Системски инфекции (вклучувајки и СИДА)

– Болести или состојби кај кои е неопходно болничко лекување

– Болести или состојби кај кои е неопходен неодложен оперативен зафат

 

3. Елементарни непогоди:

– настанати во местото на живеење или местото на патување и истите не се локализирани, ставени под контрола или санирани најкасно 48 часа пред тргнувањето и го оневозможуваат патувањето – за случај на непредвидено откажување на договорено патување.

– настанати за време на патувањето, во местото на живеење или местото на патување и го оневозможуваат понатамошниот престој – за случај на непредвидено предвремено прекинување на започнатото патување.

 

4. Добивање на неодложлив судски повик за кој судското рочиште

– треба да се одржи во термин кој се поклопува со терминот на патување – само за случај на непредвидено предвремено прекинување на започнато патување.

 

5. Губење на работа:

– осигуреникот

– брачен другар на осигуреникот

– родител или старател на осигуреникот само ако осигуреникот е лице на возраст помала од 18 години само за случај на непредвидено откажување на договорено патување

 

Исклучување од осигурување

1. Услови исклучени од осигурување се откажувања на патувања кои се последица на:

– воени настани и терористички акти

– недобивање на виза за патување

– ризици кои не се наведени во член 3

2. Услови исклучени од осигурување се прекинувања на започнати патувања кои се последица на:
– воени настани и терористички акти

– забрана за влез од страна на органите на државата во која се патува

– ризици кои не се наведени во член 3

 

ТАРИФНА ГРУПА 1

– ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА АРАНЖМАНИ

– ЦЕНА ПО ДОГОВОР

– ПРИЈАВА ЗА ЕДИНИЦА СМЕСТУВАЊЕ СО ВКЛУЧЕНИ СИТЕ ДОПЛАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ ПО ПРИЈАВАТА-ДОГОВОРОТ!

Вредност на аранжманот во ЕУР Премија во ЕУР

од 300 до 400 13

од 401 до 500 17

од 501 до 600 21

од 601 до 700 25

од 701 до 800 29

од 801 до 900 32

од 901 до 1000 36

ПРЕМИЈАТА ЗА АРАНЖМАНИ СО ВРЕДНОСТ ПОМАЛА ОД 300 ЕУР И ПОГОЛЕМА ОД 1000 ЕУР, СЕ ПРЕСМЕТУВА ПО ПРЕМИСКА СТАПКА ОД 3,8% ( ПРОЦЕНТИ ) ДОПЛАТОК ВО ВИСИНА ОД 50% СЕ ПРЕСМЕТУВА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА РИЗИКОТ НЕПРЕДВИДЕНОПРЕДВРЕМЕНОПРЕКИНУВАЊЕ НА ОТПОЧНАТО ПАТУВАЊЕ

● НАПОМЕНА – ПАТНИКОТ МОРА ДА ИМА ВАЖЕЧКО ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ ОД САВА ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ ОСИГУРА СО ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИК НА ОТКАЗУВАЊЕ И ПРЕКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРЕНО ТУРИСТИЧКО ПАТУВАЊЕ.

● ЦЕЛОСНА УПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ МОРА ДА СЕ ИЗВРШИ НАЈДОЦНА 15 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ НА АРАНЖМАНОТ

● ОСИГУРУВАЊЕТО ОД РИЗИК НА ОТКАЖУВАЊЕ И ПРЕКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРЕНО ТУРИСТИЧКО ПАТУВАЊЕ НЕ ГИ ОПФАЌА ЛИЦАТА НАД 70 ГОДИНИ.[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row css_animation=\”\” row_type=\”row\” use_row_as_full_screen_section=\”no\” type=\”full_width\” angled_section=\”no\” text_align=\”left\” background_image_as_pattern=\”without_pattern\”][vc_column][vc_single_image image=\”737\” img_size=\”full\” alignment=\”center\” onclick=\”custom_link\” qode_css_animation=\”\” link=\”http://havanatravel.mk\” css=\”.vc_custom_1581376426386{padding-top: 20px !important;padding-bottom: 20px !important;}\”][/vc_column][/vc_row]

Scroll to Top

Контакт форма за резервација