Куќа „Игуана“ е лоцирана во најубавиот дел, централно во Неа Плагија, прва линија на море, на 30-40 од плажа од која ја дели прекрасен мал парк со зеленило. Има слободно место за паркинг околу неа. Располагаме со трикреветни и четирикреветни студија/ апартмани, со поглед кон улицата или со директен, отворен поглед на море. Собите се целосно реновирарни пред летото 2019 година, модерно и квалитетно уредени. Со комплетно опремени кујни, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири.