Куќа „Јоргос“ е лоцирана кон крајот на Дионисиос во мирна уличка, на околу 100 метри од песочната плажа. Околу неа има слободни места за паркинг.
Располагаме со 3 апартмани и еден дуплекс апартман, што подразбира дека и двокреветните и трикреветните единици се со одвоена спална соба од комплетно опремената кујна. Истите се реновирани и убаво, квалитетно опремени. Дуплекс апартманот се состои од две одвоени спални соби со по еден брачен – француски кревет и две тераси, како и голема кујна во трета просторија.
Сите имаат ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Интернетот и климата се вклучени во цената.