Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување.Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 9 години. Ве очекуваме.
Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасија е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор . Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.