Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира Загреб во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено.
ПРВ ДЕН – 05.12.2025 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел Русија во 19.30 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.
ВТОР ДЕН 06.12.2025 (САБОТА) ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица…
Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и празничната магија. Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 07.12.2025 (НЕДЕЛА) ЗАГРЕБ – ЉУБЉАНА – ЗАГРЕБ
Појадок. Поаѓање за Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб. Вечерта, повторно уживање во празничната магија на градот. Можност да си купите “licitar” – црвено медено срце кое датира од XIII век, a со тек на времето прераснало во симбол на Хрватска, денес се користи повеќе како божиќен украс отколку како колаче за јадење. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН 08.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје на 09.12.2025 – вторник, во раните утрински часови
ПРОМО ЦЕНА за резервации до 31.10: 189 € / 11.720 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219€ /13.580 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
- Сместување во хотел со 3*во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
- Организиран разглед на Загреб со локален водич
- Посета на Christmas market
- Посета на шопинг центар “Arena Centar”
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Посета на Љубљана – 45 евра
- Патничко – здравствено осигурување
- Туристичка такса 400 мкд се доплаќа во агенција
- Доплата за еднокреветна соба 5.000 мкд
- Дете до 2,99 години гратис (без легло)
- Индивидуални трошоци
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
- Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
- Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
- Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на агенцијата